На Олимписките Игри во Атланта 1996 година Аргентина дојде со Ајала, Занети, Сенсини, Алмеида, Симеоне, Гаљардо, Клаудио Лопез, Креспо, Ортега, Делгадо, Хуго Моралес. Бразил беше уште пострашен со: Дида, Алдаир, Ривалдо, Роберто Карлос, Роналдо, Жунињо, Бебето, Марселињо. Сосема неочекувано на крајот на олимпискиот пехар му се радуваше Нигерија со Нванкво Кану и Селестин Бабајаро.