Бразилскиот Трамп кој стана претседател со поддршка од Роналдињо, Кафу и Ривалдо

Фразата “Политиката надвор од спортот“ секогаш била само пуста желба и далеку од вистина. Тоа деновиве се потврди во Браазил каде на претседателски избори победи кандидат околу кој се подели земјата а имуни не останаа ниту спортистите и фудбалските клубови.

Виновен за тоа е Жаир Болсонаро кој победи во вториот круг од претседателските избори и скоро ќе стане нов претседател на Бразил.

Болсонаро можел да стане претседател уште во првиот круг на 7 октомври но тогаш не го надминал потребниот цензус од 50% од гласовите освојувајќи 46%.

Во неделата во Бразил се одржа вториот круг: ултрадесничарот Болсонаро (Социјал-либерална партија) и неговиот главен конкурент Фернандо Ададо (Работничка партија) кој себеси се нарекувал наследник на поранешниот претседател Лула кој владееше со земјата од 2002 до 2011 а во 2018-та го осудија на 12 години затвор за корупција.

Болсонаро го поддржале околу 55% од избирачите. Проблемот во земјата сега е тоа што дел од населението не го сака Жаиро Болсонаро и го нарекува „бразилскиот Доналд Трамп“.

ЗОШТО БОЛСОНАРО ВАЖИ ЗА УЛТРА-ДЕСНИЧАР?

Новиот претседател на Бразил го обвинуваат за сексизам, за хомофобија и љубов кон диктатурата.

„Бразил е над сè, Господ е над сите“, е неговото мото.

Болсонаро се залага за традиционални семејни вредности, пожестока имиграциона политика, послободна трговија на оружје и враќање на смртната казна. Противниците го сметаат за затуцан политичар кој застана во минатото и нема намера да се менува.

Кои се четирите најголеми обвинувања против него од ривалите:

1. Болсонаро го сметаат за сексист

Во 2014-та Болсонаро во Парламентот се расправал со пратеничката Марија до Росарио. Таа го нарекла насилник а тој и одговорил:

„Вас никогаш не би ве силувал затоа што просто сте недостојна.“ А потоа додал: „Таа е просто многу грда.“

За таквиот испад морал да плати казна од 2.5000 долари но тоа не го спречило да продолжи со лошите манири. Пред овој настан тој еднаш рекол: „Имам пет сина, четири се машки а во последниот случај јас бев послаб и добив женско.“

Според него мажите не добиваат породилно отсуство и затоа мора да заработуваат повеќе од жените. Пред изборите во неколку градови во Бразил се одржале митинзи под логото: „Само не тој!“ (Ele Nao), на кои според организаторите излегле околу 200.000 луѓе (официјална бројка од власта немало).

Иницијатор на целата акција станала една Фејсбук група под името „Обединети жени против Болсонаро“ (Mulheres Unidas Contra Bolsonaro). Интернет порталот O Estadão напишал дека страницата собрала 3,8 милиони луѓе кои потврдиле учество на протестите.

Добиле поддршка и од некои познати светски ѕвезди: Мадона ги поддржала со запис на Инстаграм стори. Во меѓувреме синот на Болсонаро, Едуардо ја исмевал групата и рекол дека таа е направена на друго место каде веќе имало милион следбеници.

2. Болсонаро го сметаат за расист

Во април 2018-та Судот во Бразил го обвинил за ширење омраза. Болсонаро се залагал за менување на законите кои ги штитат првата на историските доселеници кои водат потекло од африканските робови.

„Жителите на овие населби не смее да имаат право да се размножуваат“, рекол еднаш и ја шокирал јавноста а потоа уште ги нарекол и црномурните активисти „животни кои е неопходно да се вратат во зоолошки градини.“

Во 2011 година Жаир Болсонаро ја нападнал бразилската пеачка и актерка Прета Гилм за бисексуалност. Кога се сретнале во шоуто CQC (Caiga Quien Caiga) се водел ваков дијалог:

- И што ќе правите вие ако вашиот син дома донесе дечко или црномурна девојка?

- Мислам дека тоа нема да се случи затоа што моите деца се добро воспитани.

3. Болсонаро го сметаат за хомофоб

Новиот претседател на Бразил никогаш и не го криел својот став:

„Да зборуваме без лицемерие. Јас не би можел да бакнам момче хомосексуалец. Попрво би прифатил син ми да загине во несреќен случај отколку да станее геј.“

Во 2013-та британскиот актер и комичар Стивен Фрај кој се декларира како хомосексуалец направил интервју со Болсонаро: „Вашата култура е поинаква од нашата. Ниту еден татко не е горд на тоа син му да биде хомосексуалец. Гордост? Среќа? Никогаш. Слушајте, треба да има некој допадлив ориентир во твојот живот. Геј-активистите сакаат да дојдат до нашите деца и да ги преобразат во хомосексуалци за да во иднина ги задоволуваат сексуалните потреби. Вие не сакате Талибанци (радикално исламско движење кое дејствува во Авганистан и Пакистан), а ние во Бразил не сакаме гејеви.“

4. Болсонаро го сметаат за диктатор

Жаир Болсонаро служел војска кога со Бразил од 1964 до 1985 владеела армијата. Во 1988 година тој станал капетан но после две години бил избран за пратеник во Парламентот каде еднаш рекол: „Јас сум за диктатура. Ние никогаш нема да ги решиме сериозните национални проблеми со оваа неодговорна демократија.“

ЗОШТО ДОБИЛ ТОЛКУ ГОЛЕМА ПОДДРШКА И ГЛАСОВИ?

Во Бразил аналитичарите сметаат дека има две причини за огромната поддршка на Жаир: Болсонаро цврсто ветувал дека ќе ја задуши корупцијата и ќе почне жестока борба со криминалот.

„Тие ги правдаат своите грешки и се фаќаат само за зборот ’диктатура’ а во нивно време повеќе од 14 милиони луѓе останаа без работа, секоја година имаме по 60.000 убиства и 50.000 силувања. Тоа е тоа што ги гневи луѓето“, напишал Болсонаро на Твитер пред првиот круг на избори.

„Говорите на Болсонаро содржат многу недемократија. Но неговиот стил е народен и лесен за разбирање. Затоа луѓето на социјалните мрежи пишуваат: ова е кандидат кој зборува чесно, без глума, без сценарија, туку од глава како што мисли. Велат дека Болсонаро нема конкретен план и во тоа е неговата предност во говорите“, вели социологот Естер Солано, автор на книгата „Омраза како политика“.

Професорот по политички науки од Универзитетот во Сао Пауло, Анибал Хаим рекол:

„Болсонаро во секој говор зборува за религиозноста. Ниту еден кандидат не ги штити христијанските вредности во духот на Болсонаро и затоа таа реткост не им се допаѓа на многумина.“

Доктор по социологија на Оксфорд Универзитетот, Селсо Де Барос смета дека популарноста на Болсонаро стои во неговата мачо харизма која што го позиционира како силен маж во политиката.

„Тој како и многу други десничарски кандидати имаат поддршка од мажите. Таква разлика во историјата на Бразил никогаш немало (статистичкиот центар Ibope покажал дека во првиот круг Болсонаро го поддржале 36% од вкупниот број машки гласачи и само 18% од женските гласачи).

Болсонаро извесно време не учествува на дебати и телевизиски емисии затоа што на 6 септември за време на неговата средба со граѓаните во градот Жуиз ди Фора (југо-исток на Бразил) еден маж го нападнал со нож и го ранил.

Полицијата веднаш го совладала и уапсила 40-годишниот Аделио Биспо ди Оливеира кој кажал дека нападот е исклучиво од лични мотиви кои полицијата не ги разбира.

Врз Болсонаро биле извршени две опрации и тој брзо се опоравил.

ВО БРАЗИЛ ЗА НЕГО АГИТИРАЛЕ ФУДБАЛЕРИ А ПРОТИВ НЕГО НАВИВАЧИ

Кога земјата се поделила на поклоници и непријатели на Болсонаро, спортот не останал имун. Најголемиот конфликт бил поврзан со славниот клуб Палмеирас, еден од најголемите фудбалски клубови во земјата за кого навива и самиот Болсонаро.

Фудбалерот од средниот ред Фелипе Мело (го паметите по неброените црвени картони во Јувентус и Галатасарај), му посветил еден гол на Болсонаро и го нарекол „идниот претседател“ а дел од навивачите на Палмеирас пееле хомофобни песни.

Во Бразил Мело вози блиндирано возило затоа што после 12 години играње во Европа, рекол дека не се чуствува безбедно во родната земја и стравува за семејството. Најголемиот таблоид во Аргентина, Clarín објавил текст каде го обвинил Палмеирас за историска блискост со фашистите и отворена поддршка за Болсонеро на изборите.

Клубот брзо одговорил: „Фелипе го покажа само своето лично уверување со кое клубот нема никаква врска. Групата навивачи која пееше хоомофобни песни - меѓу нив не сите се наши навивачи. Ние имаме многу навивачи со поинаков поглед.“

Болсонаро е безгранично популарен меѓу бразилските фудбалери:

„Во нашиот свет има многу насилство и други кошмарни работи. Конечно се појави така силен човек со искрена позиција. Тој е прав патриот, израснат во добро семејство. Политичар со такво мислење, вистински конзерватор кој ни треба во моментов“, рекол Лукао, најдобриот стрелец на клубот Гојас во бразилската Серија Б.

Фудбалерот на Атлетико Паранензе Карлос Алберто кој играше и во Европа, напишал на Инстаграм: „Јас сум Болсонаро!“ Поранешниот играч на Фламенго, Едерсон напишал дека Болсонаро ќе стане уште посилен ако го спаси Бразил од корупција.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Gostaria de registar aqui meu sincero apoio ao nosso futuro presidente Jair Bolsonaro e também a sua família! É lamentável o que aconteceu ontem. Mas isso é um exemplo do Brasil que foi moldado nos últimos anos por um governo socialista/comunista que fez de tudo para tirar das pessoas o bem mais precioso que o ser humano pode ter ; liberdade, educação e saúde. Tentaram matar a única pessoa capaz de conseguir devolver isso aos brasileiros com honestidade e coragem! Mas não conseguiram e não vão conseguir !!! Porque vocês sabem o que significa ser antifrágil ? Antifrágil não é apenas o que não quebra! Antifrágil é o que se torna ainda mais forte depois do choque ! E assim será com Bolsonaro, ele será ainda mais forte para salvar nosso país da corrupção!!! Eu e minha família desejamos uma ótima recuperação e que Bolsonaro possa seguir lutando pelo povo brasileiro. Acredito que essa seja a vontade da imensa maioria da nação brasileira!!! “BRASIL acima de tudo e DEUS acima de todos “ !!!🙏🙌❤️ #forçabolsonaro #boarecuperação #deusnocomando #bolsonaropresidente #antifragil #anticorrupção #mudabrasil @jairmessiasbolsonaro Presidente do Brasil 🇧🇷❤️

A post shared by Ederson Campos (@ederson) on

Најсилна поддршка и неверојатно мешање на политиката во спортот направи клубот Атлетико Паранаенсе: На мечот против Америка Минеиро на денот пред првиот круг од изборите, 9 играчи од почетниот состав излегле на терен во жолти маици со фразата од кампањата на Болсонаро:

„Ајде сите заедно, за Бразил“.

Еден од оние кои одбиле да носат маица со таков натпис бил 35-годишниот центарфор Пауло Андре кој не им замерил ништо на соиграчите:

„Тоа ништо нема да смени. Јас ја сакам демократијата и слободно можам да се наречам себеси слободен човек. Кога некој има добар аргумент за своите ставови, лесно ќе се согласам со таков човек.“

Бразилската фудбалска федерација не се согласила со перформансот и клубот бил казнет 70.000 долари!

На 16 септември се случил уште еден скандал: на мечот Крузеиро - Атлетико Минеиро гостинските навивачи им скандирале на домаќините: „Спремајте се, Болсонаро ќе ги убие сите педери“:

Против Болсонаро отворено настапиле навивачките групи кои имаат левичарски ставови. Тие потпишале „Манифест на приврзаниците на демократијата“ со кој се согласиле 69 различни навивачки групи и организации.

Во документот пишува дека Болсонаро е закана за наследството на Бразил. Манифестот му го предале на главниот противкандидат на Болсонаро, Фернандо Ададо.

„Сакаме вие да не водите напред и да станете претседател. Една работа е да имате претседател со кој ќе можите да позборувате па и да се спорите, но друго е ако имате човек кој сака да ве убие“, рекол на средбата поранешниот фудбалер на Коринтијанс од ’70-те, Владимир.

БОЛСОНАРО ГО ПОДДРЖАЛЕ РИВАЛДО, КАФУ И ЛУКАС МУРА

Името Жаир Болсонаро брзо се дознало во Европа. На почеток за него агитирал Лукас Мура кој на 10 септември влегол во дискусија со следбеници на Твитер. Фудбалерот на Тотенхем и репрезентацијата на Бразил напишал:

„Вие не сте во право затоа што Болсонаро никогаш никаде не рекол дека ќе ги убие сите. Ако е тој расист, веќе ќе беше уапсен. Сметам дека не ви држат аргументите.“

„Да оди во пеколот? Подобро да се смириш и да припазиш со таквите изјави“

Бразилскиот репрезентативец Лукас Мура го поддржал Жаир Болсонаро

Како што и се очекувало, Мура брзо добил предупредување и опомена од клубот да престане со политички активности на социјалните мрежи. А Болсонаро во меѓувреме го поддржае и иконите на бразилскиот фудбал - Ривалдо и Кафу.

„Капитенот на петкратниот светски првак ќе гласа за Болсонаро“, нескромно и отворено рекол Кафу за една бразилска телевизија.

А Ривалдо бил посериозен и на денот пред изборите на Инстаграм ја кажал својата позиција:

„Реалните проблеми на Бразил се: економската криза, невработеноста, насилството, проблеми во здравството, образованието и проблеми со корупцијата. А ние за што зборуваме? За полова идеологија, за феминизам и за расизам. Запомнете едно: вашиот глас бира претседател а не татко.“

Овој пост на легендарниот Ривалдо собрал 126.000 лајкови и повеќе од 6.000 коментари - 10 пати повеќе од кој било друг негов пост.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

“ Os verdadeiros problemas do Brasil: crise econômica, desemprego, violência, saúde, educação e corrupção. O que discutem nessa eleição: ideologia de gênero, machismo, racismo e feminismo. Entenda uma coisa: O SEU VOTO VAI ESCOLHER UM PRESIDENTE E NÃO UM PAI. Precisamos que ele resolva os problemas do nosso país e não que nos ensine valores, isso temos que aprender em casa e na escola. Se tivéssemos que aprender valores com o presidente, hoje estaríamos presos em Curitiba. “ Não eduque seus filhos para respeitar homossexuais, negros, brancos, índios. Eduque seus filhos para respeitar O SER HUMANO. Assim você não precisará dar explicações sobre as características ou escolhas de cada um.”” Faço minhas as palavras desse autor. #soubolsonaro #sou17

A post shared by Rivaldo Ferreira (@rivaldooficial) on

Скоро тензијата пред изборите ја подгреал и еден од најдобрите фудбалери во историјата - Роналдињо.

Тој исто се обратил преку Инстаграм каде напишал: „За подобар Бразил сакам мир, сигурност, безбедност и она што ни носи радост. Живеам во Бразил и сакам да им посакам подобар Бразил на сите.“

Постот преку ноќ собрал 107.000 коментари и повеќе од 2 милиони лајкови! На фотографијата Роналдињо неслучајно стои во дрес со бројот 17: овој број стоел на ливчето пред името и презимето на претседателскиот кандидат Жаир Болсонаро.

Но нивниот удел во кампањата не и се допаднала на Барселона која ги плаќа овие две легенди за глобалните задолженија кои ги вршат за клубот.

Барселона соопштила за кампањата на Роналдињо: „Јасно е дека нашите демократски идеали не се совпаѓаат со тоа што го слушнавме од вашиот кандидат. Еднакво го уважуваме сечие мислење и затоа позицијата на играчот ни е важна. Роналдињо има право на слободен израз. Тоа е нашата позиција во однос на ова прашање. Притоа внимателно ќе следиме како ќе се развиваат работите. Уште не донесовме никакво решение, но доколку клубот трпи последици ќе реагираме“, рекол Хозеп Вивас, претставник на управата на Барса.

Зазземањето страна на Ривалдо и Роналдињо го налутило мајсторот за слободни удари, легендата на Лион, Жунињо Пернамбукано кој за El Pais рекол: „Многу се гневам кога ќе видам како поранешни или сегашни играчи го поддржуваат тој човек.“

Марсело Тонини, социолог и историчар на Универзитетот во Сао Пауло рекол:

„Играчите секогаш биле одраз на опшетството иако социјалните и економските проблеми не ги загрозуваат нив“.

 

Бразилските избори уште еднаш потсетија дека спортот и политиката се силно поврзани.