Фудбалерите на Тотенхем како гости, приредија лудорија од пресврт против Лестер. За време на славењето не се знаеше кој јаде, кој плаќа, а Лукас Мура му должи зимски реквизит на еден навивач, освен ако не го нашол во хаосот.
Патот на Тотенхем до финалето на Лига на шампиони сигурно ќе биде обработен во некоја епска документарка. Она што им се случуваше уште од групна фаза па се до 8 мај и гостувањето во Амстердам е необјасниво.
Ajaкс ги исфрла Реал и Јуве од ЛШ. Ти доаѓаат дома во полуфинале, те победуваат 0:1 и мислиш дека работата е готова. Потоа им одиш на гости, те водат 2:0 на полувреме, а ти во второ ги прскаш во фаца со хет-трик, третиот гол во 95-та минута.
Фразата “Политиката надвор од спортот“ секогаш била само пуста желба и далеку од вистина. Тоа деновиве се потврди во Браазил каде на претседателски избори победи кандидат околу кој се подели земјата а имуни не останаа ниту спортистите и фудбалските клубови.