Колку емотивен момент за јунакот на Тотенхем

Ajaкс ги исфрла Реал и Јуве од ЛШ. Ти доаѓаат дома во полуфинале, те победуваат 0:1 и мислиш дека работата е готова. Потоа им одиш на гости, те водат 2:0 на полувреме, а ти во второ ги прскаш во фаца со хет-трик, третиот гол во 95-та минута.

Потоа во микс зона ти го пуштаат видеото со третиот гол и тоа со коментатор од твојата земја кој одлепува. Ваква вечер на Лукас Мура веројатно нема да му се повтори до крај на животот. 

Му ја дадоа за дома

9 мај 2019 - 08:50