Таг: кафу

Кога Роналдо најде да се закача со Кафу

Роналдо тука има 20 години, Кафу 35, значи 15 години постар и пак почит нула. Одговорот на еден од најјаките бразилски бекови во историјата беше едноставен, со еден потег.

Не го напаѓај Кафу еден на еден ниту сега

Поранешниот фудбалер на Лацио, Павел Недвед и 20 години подоцна има вртоглавица од еден прочуен дуел со  Кафу на римското дерби. На легендарниот Бразилец кој има неполни 50 години и сега да му се сипеш, ќе мора потоа да бараш кафетин.

Кака до Кафу, овој до Ривалдо, асистенција до Роналдињо и гол

Не е ова ретро видео од култниот Бразил, туку тазе акција од нив на пријателски натпревар против Израел. 28.000 луѓе ги гледаа ветераните на овие две селекции, а ние со ќеиф издвојуваме нешто од нив, кое и да не е атрактивно мора да се види поради тежината на нивните имиња.

Бразилскиот Трамп кој стана претседател со поддршка од Роналдињо, Кафу и Ривалдо

Фразата “Политиката надвор од спортот“ секогаш била само пуста желба и далеку од вистина. Тоа деновиве се потврди во Браазил каде на претседателски избори победи кандидат околу кој се подели земјата а имуни не останаа ниту спортистите и фудбалските клубови.

Култните дресови на легендарниот Бразилец Кафу

Поминаа десет години откако Бразилецот Кафу ја заврши кариерата а неговиот насмеан лик додека џвака мастика во некој од легендарните дресови го паметиме к’о вчера да беше.

Има 40 години, се вика Кафу и постигна хет-трик за аналите

Не е тој Кафу што мислите, бидејќи тој беше бек и се пензионираше на 38. Овој е анонимен напаѓач кој настапувал во Германија и Португалија, а сега игра во Кипар. Ако постои награда за ветеран на сезоната, него треба да му ја дадат без разлика кој ќе му конкурира. Четири очи отворите да му ги видите головите. Втора младост доживува дечково.

На Недвед уште му се врти од овој дуел

Некои дуели едноставно се легендарни и се памтат и раскажуваат и по 10-15 години, па и повеќе. Кога се прави муабет за златното време на Серијa А и ѕвездите кои ги држеше, некој ќе дофрли: Кафу беше легендиште, ти текнува што му направи на Недвед?

Магичниот Бразил кој стана пентекампеон на Мундијалите

Тони Крос честиташе Нова година со смешна слика каде наместо 2017 стојат знамињата на Бразил и Германија кои го симобилизираа дебаклот на „кариоките“ на Мундијалот. Легендарниот Роналдо доседливо му одговори со знамиња и го потсети на 2002-ра.

Почина скулпторот на трофејот за Светско првенство

Силвио Гаѕанига, човекот кој го дизајнираше највредниот трофеј во историјата на фудбалот почина во Милано на 95-годишна возраст. Кафу му изрази сочуство и благодарност за тоа што го дизајнирал пехарот кој ја носи најголемата радост во спортот.

Тери и Ешли Кол за 10 години

Претпоставка, како би изгледале некогашните соиграчи од Челси и англиската репрезентација за 10 години.