20 април 2000-та или околу еден месец пред да го освојат Скудетото навивачите на Лацио имаа причини за голема радост бидејќи Газета дело Спорт на насловна страна излезе со следнава бомба:
„Лацио го купит Ривалдо, трансфер вреден 150 милијарди лири“
А во бомбастичната вест која ви ја пренесуваме од Република понатаму стоеше:
„Лацио кој туку што е елиминиран од Лига на шампиони и има мала надеж за освојувањето на Скудетото ги размрдува навивачите и акционерите со големо име на трансфер пазарот. Бразилскиот фудбалер од Барселона кој учествуваше во неверојатниот пресврт против Челси во ЛШ и кој ја освои Златната топка, следната година ќе настапува за Бјанкоаѕурите. За зделката лично се погрижи претседателот Серџо Крањоти, поддржана е и од Банка ди Рома, а ја открива Газета дело Спорт“.
Клубот потоа веднаш излезе со соопштение:
„Ниту претседателот Серџо Крањоти, ниту други раководни лица немале средби и контакти со каталонскиот клуб околу трансфер на бразилскиот напаѓач во Рим“.
Но најтиражниот спортски весник во Италија изнесе детали дека се работи за рекорден трансфер кој би чинел 99 милијарди лири (50 милиони евра) и петгодишен договор со плата од 10 милијарди лири по сезона.
Една од најголемите бразилски ѕвезди тогаш имаше 28 години и играше во топ форма во Барселона, а весникот тврдеше дека трансферот е можен бидејќи односите меѓу него и клубот биле оладени, откако не добил покачување на платата. Луи Ван Гал го сметал тоа за проблем и побарал негово заминување, а истото важело и за Клајверт.
„Ако се случи овој трансфер тој ќе биде најскап во историјата на фудбалот и ќе го сруши рекордот на Интер кој го купи Виери од Лацио за 82 милијарди лири. На тој начин, Свен Горан Ериксон во напад ќе има јужноамериканско дуо составено со напаѓачи кои претходно играа во Ла Лига. Ривалдо и Аргентинецот Клаудио Лопез од Валенсија“, пишува во натписот.
Славниот Ривалдо се пресели во Серија А, но во 2002-ра година кога стана член на Милан, а истата сезона ја освои Лигата на шампионите.