Барселона против Валенсија на крајот од сезоната 2000/2001 имаше клучна пресметка вредна Лига на шампиони. Ја реши маестралниот Ривалдо на волшебен начин со три Г О Л Ч И Ш Т А. По таа неверојатна левица после првиот и вториот мајсторски гол, следуваше нешто што ретко се гледа. Не дека само тој има дадено гол со ножички, ама овие се некако посебни.