Договорот кој го натера Шекил да не игра фудбал

Џон Конкак беше резерва на Атланта Хокс десет сезони, а неговиот договор во време кога немало интернет, Шекил О`Онил воопшто не го сфатил и решил фудбалот да го заменил со кошарка.

Шекил уште во средно бил висок 213 см и го сметале за најперспективен кошаркар во САД. Но во тоа време играл фудбал и бил во тимот на неговото училиште. Во шоуто на Ден Патрик објаснува зошто престанал со фудбалот.

„Јас уствари почнав прво со играње фудбал. Како што знаете имам прекрасни раце кои ми се беспрекорни и со кои сакам да ги казнувам луѓето. Но потоа еден дечко ми го повреди коленото и потоа сонот ми се оствари. Седев на каучот, а Џон Конкак потпиша тригодишен договор за 15 милиони долари. Си помислив дека ако од играње кошарка се прават 5 милиони годишно, тогаш се откажувам од фудбал“, вели Шек.

Но тој како тинејџер целосно ги утнал бројките. Договорот на Конкак бил 13 милиони долари за 6 години во Атланта. Тоа било 1989 година пред да се појави интернетот, во време кога луѓето ги знаеле договорите само на најплатените кошаркари.

Само неколку луѓе надвор од Атланта знаеле кој е Конкак, а во таа година тој заработил повеќе од Мајкл Џордан, Меџик Џонсон и Лери Бирд.  Анонимусот кој заработил 13 милиони долари го добил прекарот "Jon Contract".

26 ноември 2015 - 12:14