Валбуена зборуваше за францускиот дневен лист Ле Монд и отворено признал дека е многу разочаран од соиграчот во репрезентацијата. Минатиот петок Валбуена дал изјава во врска со аферата со видео снимката, по што одлучил да се обрати до јавноста преку екслузивно интервју.
„Не можам да сокриам колку сум разочаран. Такво нешто не ми му направил ниту на најголемиот душман“, вели Валбуена кој открил дека Бензема му се јавил со неговиот другар од детството, Карим Ѕенати.
Валбуена и пред судијата признал дека фудбалерот на Реал Мадрид се обидел да го уценува.
„Во првата дискусија му реков на Карим: Знаеш дека и Џибрил Сисе имаше слична ситуација во 2008. година? А тој ми одговори: И што бидна, плати за секс снимката? -Да, плати. -Значи видеото не било објавено јавно? Му одговорив дека не било објавено. Тогаш Бензема продолжи да ми зборува како уценувачите биле опасни криминалци. Видеото е многу експлицитно и јас знам што би правел кога би имал семејство“, раскажува Валбуена како течел разговорот со Бензема.
Поранешниот фудбалер на Марсеј, а сега на Лион вели дека најмногу се шокирал кога Бензема терал по свое.
„Ми кажа: Ако не сакаш да го објават видеото, јас можам да ти средам средба со нив. Што друго можам да сторам? Да им го дадам твојот број или тебе да ти го дадам нивниот број за да се слушнете? Не кажав ништо и излегов. Знаев што точно ќе бараат тие луѓе од мене“, отворено Валбуена раскажува за разговорот со Карим Бензема во базата на француската репрезентација во Клерфонтен на 5. октомври.
Истрагата и натаму е во тек, а Бензема повторно ќе треба да се појави на следното судско рочиште.
„Многу бев разочаран, премногу. Не покажа ни малку почит за мене. Јас го почитувам секој, но приказнава ме наслика како будала. Сега сфаќам дека моето пријателство со Карим Бензема не било така совршено како што вервуав“, констатира напаѓачот на Лион.
Криминалците се заканувале дека ќе објават видео на кое се гледа Валбуена во друштво на две девојки. Планирале да го објават пред почетокот на ЕП 2016. година ако не им плати 150.000 евра. Бензема се соочува со затворска казна до пет години.