Уапсен Карим Бензема, уценувал со порно снимка

Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација е уапсен од француската полиција поради тоа што го уценувал Метју Валбуена од Лион дека ќе го објави спорното секс видео на соиграчот од репрезентацијата.

Поранешниот француски репрезентативец Џибрил Сисе најпрвин беше викнат на сослушување во врска со уценувањето на Валбуена, па беше ослободен од француската полиција минатиот месец.
 
Во меѓувреме утрово во 9 часот во станицата во Версај, западно од Париз бил приведен Карим Бензема кој е обвинет за истото дело уцена на Валбуена, пренесува Франс Прес. Истрагата на француската полиција започна во јули годинава, откако Валбуена потврдил дека Сисе и Бензема извесно време го уценувале дека ќе го објават секс видеото на кое се гледа поранешниот фудбалер на Марсеј ако овој не им даде пари.
 
„Немам ништо со тоа, Матје е мој близок пријател. Само го предупредив дека има нешто со што е тој поврзан и тоа е тоа. Крај на приказната. Искрено, не е воопшто смешно. Ова е нешто што можеше да заврши многу лошо по мене и него", изјави Џибрил Сисе откако бил пуштен од станица.
 

На Сисе и Бензема за кривичното дело им се заканува затворска казна од една до пет години според француските закони.
„Џибрил Сисе беше притворен, па ослободен после сомневањата дека е поврзан со уцените“, објави судот во Версај на 31 јули годинава.
Инаку Карим Бензема веќе неколку недели не настапува за Реал Мадрид поради повредата која што ја заработи на дуел од шпанското првенство а неговиот клуб синоќа го победи ПСЖ во натпревар од Лигата на шампионите.
4 ноември 2015 - 10:37