1 – Даниел Амокачи
Клуб Бриж – ЦСКА Москва 1:0 (25.11.1992)
Првото издание во Лигата на шампионите во кое се натпреваруваа само 8 екипи го одбележа Олимпик Марсеј кој стигна до пехарот. Со првиот погодок во историјата влезе Даниел Амокачи од Нигерија.
1.000 - Дмитри Кохлов
ПСВ – Бенфика 2:2 (9.12.1998)
На 9 декември 1998 година Манчестер Јунајтед го направи најважниот човек за пласман во нокаут фазата. Одигра 1:1 против Баерн во групната фаза, идниот противник во финалето. Таа ноќ во Анјдховен се случи првиот голем јубилеј во однос на головите.
2.000 – Ервин Санчез
Боависта – Динамо Киев 3:1 (19.9.2001)
На Боависта им беа потребни само три минути да го постигнат првиот гол во нивната дебитантска сезона во ЛШ. Тоа беше против Ливерпул, а потоа во втората фаза Санчез одбележа нов јубилеј во ова натпреварување.
3.000 - Давид Трезеге
Јувентус – Олимпијакос 7:0 (10.12.2003)
Францускиот напаѓач постигна 29 гола во ЛШ за Монако и Јувентус, а голот 3.000-от го постигна на Деле Алпи.
4.000 - Питер Крауч
Ливерпул – ПСВ 1:0 (11.04.2007)
Тоа беше сезона на Милан кој му се одмазди во финалето на Ливерпул за поразот во 2005-та. Прв стрелец тогаш беше Кака, а зад него Питер Крауч.
5.000 – Луизао
Бенфика – Хапоел Тел Авив 2:0 (14.9.2010)
Крауч како играч на Тотенхем беше блиску до постигнување на 5.000-от гол во ЛШ, но тоа го стори дефанзивецот на Бенфика кој има над 50 настапи во ЛШ.
6.000 – Марио Геце
Борусија Дортмунд – Шахтјор Доњецк 3:0 (5.3.2013)
Најславниот гол на Геце е оној во финалето на Мундијалот во Бразил, а јубилејниот под број 6.000 го постигна против Шахтјор за вкупни 5:2 во тој двобој кој го добија Милионерите и стигнаа до финале.
7.000 - Анхел ди Марија
Малме – ПСЖ 0:5 (25.11.2015)
Во изминатово коло ПСЖ го торпедираше Малме со 5:0, а Ди Марија стигна до 50 настапи во елитното натпреварување. Во Шведска беше двоен стрелец, а со првиот гол влезе во историјата на ЛШ.
Најмлад стрелец: Питер Офори Куе
Розенборг – Олимпијакос 5:1 (1.10.1997)
Со 17 години и 195 дена, фудбалерот Питер е најмлад стрелец во елитата. Фудбалерот на Гана со Олимпијакос стана 6-кратен првак на Грција.
Најстар стрелец: Франческо Тоти
ЦСКА Москва – Рома (25.11.2014)
Тоти има само 17 голови во Лигата на шампионите, а оној кој ќе се памети долго кога го совлада Акинфеев од слободен удар и го сруши рекордот на Гигс кој стрелаше на 37 години и 290 дена.
Најдобар стрелец: Кристијано Роналдо (Манчестер и Реал)
Рекордот на Раул прв го сруши Меси кој стигна до 71 гол во Лига на шампиони, но Роналдо сега има 84 на 120 настапи. Последните два му се пред два дена против Шахтјор, а ден претходно Меси и даде два на Рома и сега има 77. Битката меѓу ривалите продолжува.