Светскиот патник Сиан Гарние

Нејмар не ми се налути кога му ја протнав низ нозе

Беше дел од непобедливата генерација на Оксер со Филип Мексес, Бумсонг и Џибрил Сисе, но честите повреди го натераа Сиан Гарние да се повлече од професионалниот фудбал и да започне фристајл авантури од кои заработува и по 1.000 долари дневно.

Фудбалскиот слободен стил понекогаш изгледа како празна забава. Весел е и убав, но ретко кој го сфаќа сериозно овој распространет украс. Адидас промоцијата на ЕП 2016 во Париз покажа многу неоткриени фристајл финти.
 
Таму настапуваше и светскиот првак по фристајл - Сиан Гарние. Тој што го набљудува ќе види акробатика, танц и елементи на кошаркарска техника. Во разговор за Спортс.ру, Сиан вели дека слободниот стил може да стане и сериозна работа од која многу се заработува, а не само елегантно хоби.
„Се започна со мојот дедо и пријател Гај Роу кој го тренираше Оксер повеќе од 40 години (рекордер). Сонував да играм во овој тим и дедо ми ме однесе во академијата на Оксер. Подоцна заиграв и за Троја, но морав да се пензионирам порано поради сериозни повреди“, вели светскиот шампион во фристајл, Сиан Гарние.
Гарние долго време се опоравувал од повредата на коленото и додека со едната нога мирувал, со другата секогаш жонглирал седнат на подот.

„Точно знаев дека сакам да продолжам со топка. Поради тоа играв на улица мал фудбал. Дневно учев финти и по 5-6 часа а некогаш и по 8 часа. И така секој ден праксирав. Во еден момент дознав дека има различни фристајл турнири ширум светот. Се обидов и брзо сфатив дека тоа е тоа што ми треба“, ја продолжува својата приказна Гарние.
На прашањето кога му било најтешко во кариерата, Гарние вели:

„Кога долго време се подготвувате за професионална кариера и оддеднаш сериозно се повредувате, најтешко е што мора да прифатите дека тоа е крајот. Не знаев што да правам, каде да одам за да заработам пари. Луѓето од сите страни ми велеа мора да најдеш друга работа. Но бев среќен што останав со топката".

Откако се преселил на уличниот фудбал, Сиан Гарние почнал да настапува во неколку области во Париз. Само ставал кутија за собирање пари, ја земал топката и почнувал. Најубаво ми е на Трокадеро којшто нуди најубав поглед на Ајфеловата кула. Знаете точно каде е тоа - каде што Марија Шарапова се сликаше после триумфот на Ролан Гарос.

„Таму запознав еден куп луѓе. Од играчи на разни стилови, до улични уметници, рапери, скитници. И тогаш сфатив дека на луѓето не им е доволно да им покажете еден трик, туку целосно шоу. Сфатив дека мора да научам посебна техника, како што е брејк-денсот. Денсерите ми помогнаа да измислам нови трикови. Мешањето на жанровите ме донесоа до моменталниот стил. Само уште во циркус не сум бил да видам што прават таму".

 
Колку може да се заработи на улица?

„Колку ќе ти дадат минувачите, тоа зависи од тебе, зависи од тоа што нудиш. Може да ти фрлат пени ако си досаден, но мојот рекорд е 1000 - 1.500 во еден ден“.

Колку?!

„Тоа беше кога првпат ги измешав жанровите. Луѓето се смееа и беа воодушевени од мојот настап и беа спремни да платат. Им реков на луѓето, ако некој ми ја протне низ нозе, може да ми ги земе сите пари од кутијата. Но за да играте треба да платите 20 евра. И сите сакаа да пробаат, затоа што за една минута може да земете страшни пари".

Акробациите на Сиан Гарние може да ги видите на ЈуТјуб. Има повеќе од 600.000 претплатници. Може да се претплатите и да гледате обука, како и извештаи од патувањата ширум светот (од Бразил до Кина и Пакистан).

Раскажи ни за битката со Нејмар. Што се случи?

„Кога имаме претстава, луѓето велат кул но ова не е фудбал. Јас не им се допаѓам, па морам да најдам начин да им покажам дека фристајлот е мошне сложен. Да, ѕвездите прават трикови, тие се многу добри на натпреварите, но не толку добри со топка. Ова е како картање - може да бидете сјаен, да играте одличен покер, но да не ви оди карта.

Беше ли лут Нејмар кога му ја протна топката низ нозе? Го сфати тоа како понижување?

-Не, се е во ред. Тоа е дел од мојата работа, но во исто време не се чувствувам добро во тие моменти затоа што не сакам да понижам никој. Сепак, мора да сфатат дека ова е работа.

Со кои фудбалери се дружиш најмногу?

„Со Џибрил Сисе и Филип Мексес. Со нив се познавам уште од младинските категории на Оксер. Јас бев помлад, но добро се сеќавам на се. Понекогаш се гледаме. Децата на Мексес ги гледале моите видеа на ЈуТјуб".

Да не ти е љубоморен?

„Не, не е љубоморен, тој заработува многу пари во професионалниот фудбал. Тоа е во ред. Секој на своја страна.

Гарние vs Чиен:

Гарние vs Нејмар:

27 ноември 2015 - 21:44