Таг: фристајл

Чекај чекај, ај од почеток

Сè е ова нормално додека жонглира, а понатаму влезе во некој сосема друг левел на уличен фристајл кој не сме знаеле и дека е можно да се изведе.

Ако се немирни, ги носиш да гледаат фудбалски кловн

Ќе кенкаат, ќе кенкаат сè додека не ги однесеш да го видат фудбалерот во слободен стил кој прави што сака со топката. Тогаш ќе бидат мирни.

Пенал на денот

Лео Тапиа е генијален фристајлер, уличен фудбалер кој во 2017-та стана државен првак на Аргентина во слободен стил. Погледнете го будалестиов пенал:

Да видиш кого ПСЖ пушти на улица пред Реал Мадрид

Пред големото дерби од Лигата на шампионите вечерва меѓу Реал и ПСЖ, францускиот клуб со себе го понел и фристајл тимот S3 да прави шоу на улиците во Мадрид.

Фристајл жонглирање од 1945-та

На видеото го гледате Хозе Мануел Морено (1916-1978) познат под прекарот „Ел Кјаро“. Се работи за првиот играч во историјата кој освоил титула во 4 различни земји (Аргентина, Мексико, Чиле и Колумбија). Многумина кој го гледале, го сметаат дури и за подобар од Пеле и Ди Стефано. Во 1999-та го сместиле на листата на топ 25 играчи на 20-ти век. Инаку познато е дека многу пиел, пушел и пропуштал тренинзи, иако на видеово не изгледа така. Човекот владеел со топката.

По колку ли часа дневно вежбаат ваквите?

Во финалето на Red Bull Street Style World се натпреваруваа Аргентинецот Карлос Алберто Јаконо и Јапонецот Косуке Такахаши. Аргентинецот е многу подобар и заслужено победи, тоа ќе го видите и сами особено кога ќе фати да жонглира со мускулот од ногата. Победникот го прогласи Гери Невил кој беше од петмината судии. Па за ова треба да си и добар гимнастичар, освен мора беспрекорно да бараташ со топка.

Мигрант од Албанија ги стаписа играчите на Баерн

Помошниот тренер во Баерн Минхен, Пол Клемент го забележал слободниот уметник со топка Фабијан Дуро на улиците во Минхен и го поканил да дојде на тренинг на Баварците. А таму, Робен, Левандовски, Нојер и другите се држеа за глава.

Тој и таа со топка, 40 секунди

Познатата фристајлерка Лиса има засилување и тоа момак на нејзино ниво, ако не и појак. Кадарот им е во природа на многу фино место, а нивната задача се знае која е, да прават чудесии со топката.

Дечки не можете со девојчево

Лиза е Французинка со потекло од Алжир, има 16 години и е светска шампионка во фристајл. Никој не може да и ја земе од машкиве.

Веројатно не е монтажа ова?

Двајца фристајл мангупи го предизвикаа Нејмар од пет обиди колку пати ќе ја погоди пречката со топка. Тоа помина океј, но потоа настана шоуто со тројцата кои ја гаѓаа стативата како што сакаат.

Нејмар не ми се налути кога му ја протнав низ нозе

Беше дел од непобедливата генерација на Оксер со Филип Мексес, Бумсонг и Џибрил Сисе, но честите повреди го натераа Сиан Гарние да се повлече од професионалниот фудбал и да започне фристајл авантури од кои заработува и по 1.000 долари дневно.

Девојко, секоја чест

Инди Коуи е најпознатата фристајл фудбалерка на светот, а на тоа што го прави со топка често ѝ завидуваат многу машки колеги.

Фристајл Мората vs Софијан Тузани

Софијан Тузани е фристајл техничар кој ги предизвикува познатите фудбалски ѕвезди. Последен против кој играше на мали голови беше Алваро Мората од Јувентус.

Нека не ве чуди, Бразилец е

Во рамките на Адидас фристајл кампањата, Марсело ги покажа своите технички способности учени на Копакабана во Бразил и уште еднаш докажа дека фудбалерите од оваа земја се потпишуваат со топката.

Уметноста на Нејмар и Хашим Мастур

Во промотивен спот за Ред Бул, Бразилецот и 16-годишниот Мароканец кој од летово влезе во првиот тим на Милан прво играа фудбалче на Плејстешјн, а потоа покажаа малку магија во живо.

Албанецот кој ја забавува пола Европа со топка

На триковите кои ги прави може да позавидат Азар, Роналдо и Ибрахимовиќ. Фабијан Дуро веќе неколку месеци е на турнеа низ големите плоштади ширум континентот, каде покажува сè што научил во фристајлер кариерата, а се надеваме дека скоро ќе го видиме и кај нас.

Синхронизирани фристајл финти

Вакви нинџи сме објавувале и претходно, но овие знаат и некои егзибиции плус кои не ги изведуваат само по улици, туку и по кујни. Се работи за двајца бајаги навежбани момци од Полска.

Фристајл лудории на бандера

Светскиот шампион во фристајл натпреварување, Андреј Хендерсон е топ, нема што, но титулата ние би му ја дале на лудаков кој среде Париз почна да прави чуда. Гледајте го до крај, скроз ќе одлепи.

Човекот кој со топка го забавува светот

Нема потреба од вовед, дечкото е светски шампион во фристајл натпреварување со топка и ни приреди еден куп мајстории сместени во ова мераклиско видео.