21-годишната Американка, родена на Флорида до 2011 година играше за младинскиот фудбалски женски тим на Селтик и репрезентацијата на Шкотска (родителите ѝ се од таму).
По извесно време решила да престане со големиот фудбал и почнува да работи како помошен тренер на Универзитетскиот тим на Северна Каролина. Ниту тоа не ги исполнило нејзините очекувања и кога капитенот на англиската фристајл репрезентација ја поканил на еден турнир, Инди Коуи ја нашла својата животна професија.
Тренира фристајл по три часа на ден, со топката прави чуда и станала првата жена на светот која може да изведе работи со топката кои не ги можат ниту машките.
Инди Коуи го постави и светскиот рекорд со тројно префрлање на топката: