Во Бастија (не) се почитува Марсејеза

Иако навивачите на францускиот прволигаш на дербито против Ажаксио минатата недела останале надвор од стадионот при интонирање на државната химна, затоа што како што велат таа химна не им припаѓа нив, остатокот од стадионот со аплауз ја испрати интонацијата.

Како што се очекуваше, комеморацијата на жртвите од неодамнешните напади во Париз се одржуваше на сите поголеми манифестации и настани ширум Европа.
 
Покрај тоа, тука беа присутни и редовните митомани кои се претвораа во виртуелни борци против лошото од Блискиот Исток. Во ситуација кога е тешко да се задржат емоциите и коментарите, има и категорија на луѓе кои држат до своите убедувања па дури и по цена на политичка и морална некоректност.
 
Групата Бастија 1905, навивачите на Бастија одлучија да останат надвор од стадионот за време на интонирање на француската химна пред стартот на мечот против вечните ривали од Ажаксио (1-2).
„Оваа химна не ни припаѓа нам и не ја признаваме. Ќе останеме сите надвор од матичната трибина за време на нејзиното интонирање“, стоеше во соопштението на ултрасите од стадионот Арманд-Цесари.
Претходното и колото што заврши овој викенд ги одбележи забраната за гостувања на сите навивачки групи од безбедносни причини. Така, дербито во Бастија мина без поголеми тензии, што поради тоа што гостите дојдоа со втора екипа, што поради неприсуството на навивачите на Ажаксио.
 
Како изгледаше интонирањето на химната во Бастија: