Не сте фудбалери, вие сте зајци

Дваесетина навивачи на Рома протестираа пред спортскиот центар Тригориа каде донесоа гајби со моркови и им посакаа на играчите добар апетит.

Пред влезот на центарот Фулвио Бернардини, неколку загрижени навивачи на Волчицата го изразија бесот од резултатската криза на Рома која падна најниско сезонава.
 
Со парола „Добар апетит, зајци“, навивачите истовариле околу 50 кг моркови кои беа во гајби поставени пред влезот. „Каде е Палота (Џејмс, претседателот)?“, „Каде е Балдисони“ (директорот) прашувале навивачите. Ситуацијата се смирила после почетокот на попладневниот тренинг во спортскиот комплекс Тригориа кога играчите истрчале на теренот.
 
Навивачите имале кратка средба со одговорното лице од клубот задолжено за комуникација со навивачите, а потоа редарите и полицијата им забраниле да влезат на теренот.
 
Ултрасите ја закачиле паролата не еден од ѕидовите, ги оставиле морковите и заминале. Протестот доаѓа на 48 часа после поразот од Аталанта 0-2 и дебаклот од Барса 6-1 на Камп Ноу во ЛШ. Два натпревари кои сериозно ја потресоа клупата на тренерот Руди Гарсија.
 
1 декември 2015 - 16:24