ФАКОМ во дожд од голови подобар од Систина
ФАКОМ 8-7 (3-2) Систина
ФАКОМ: Боро Мисердовски 6', 32', Шенол Аџировски 8', 32', Бојан Јовановски 16', 23', Селајдин Кадри 28', Бобан Китановски 38'
Систина: Горан Манов 1', 37', Далибор Дамјановиќ 9', 27', Никола Трајковски 29', 32', Александар Јаневски 39'
Исклучително израмнет натпревар уште на самиот старт наговестија екипите на Факом и Систина. Се играше доста цврсто во делот на одбраната и на двете страни, но на полувремето екипата на ФАКОМ со подобра реализација замина со минимална предност од 3-2. Во второто полувреме екипата на Систина започна со голман играч во своите редови што му овозможи на ФАКОМ да после грешка во додавање практично има чиста ситуација за гол, со што стекна предност од три гола. Но, екипата на Систина не се предаваше и на три минути до крајот на натпреварот ја намали предноста на само еден гол, но немаше доволно сила за целосен пресврт, па го загуби овој натпревар со 8-7.
ЕВН со струен удар против Македонски Телеком
Македонски Телеком 2-9 (2-7) ЕВН
Македонски Телеком: Душко Симоноски 19', Влатко Манев 20'
ЕВН: Петре Даиловски 6', 8', 11', 12', Александар Димовски 8', 17', 32', Бојан Маџовски 10', Жарко Пунтевски 8'
Екипата на ЕВН во дуелот со Македонски Телеком имаше перфектен влез искористувајќи ги сите грешки во одбраната, со што оствари висока предност од 0-7. Екипата на Македонски Телеком со 2 гола во финиш на првото полувреме успеа колку-толку да ја намали разликата со што на полувреме се отиде со 2-7. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи во ист ритам не давајќи му на Македонски Телеком простор да се врати во натпреварот, па епилогот на овој натпревар се чини дека беше решен во првото полувреме, кога впрочем ЕВН ја направи целата разлика. Конечен резултат 2-9.
Еуролинк не дозволи пресврт во дуелот со АрцелорМитал
АрцелорМитал 7-11 (2-5) Еуролинк
АрцелорМитал: Игор Мирчевски 6', 24', Александар Илиев 13', Перо Ризов 22', Жарко Ивановски 35', Љупчо Шегмановиќ 32', Александар Зотиќ 35'
Еуролинк: Ивица Стефковски 2', 12', 14', 29', Јовче Зузаровски 10', Филип Блажевски 15', 38', Дарко Кадински 21', 27', Раде Бакев 39', 40'
Натпреварот помеѓу АрцелорМитал и Еуролинк го отвори Ивица Стевковски со брз гол во втората минута по што АрчелорМитал успеа да израмни и на средината од првото полувреме резултатот беше 1-1. Бидејќи екипата на Еуролинк ги превзеде работите во своите ноѕе недавајќи му на АрцелорМитал да се разигра остварувајќи солидна предност на полувремето од 2-5. Во второто полувреме АрцелорМитал заигра доста по офанзивно со што успеа да постигне гол и за 6 минути игра го намали водството на 4-6. Но екипата на Еуролинк не дозволи пресврт па успеа да го добие овој натпревар со 7-11.