„Животот на Џејми е совршена тема за филм, особено фактот што тој верувал. Неговиот развој и достигнувања се неверојатни“, му се дивее Бучарт на младиот центарфор.
- Во историјата на англискиот фудбал само еден човек постигнал 15 голови по ред. Во сезоната 1950/1951 напаѓачот на Блекпул Стен Мортенсен изброил 15 последователни голови. Варди до денес има 11 по ред. Неговиот Лестер во следното коло игра против Свонси.
- Робин Ван Перси од јануари до мај 2011. година успеа да постигне 9 голови на 9 гостувања по ред во Премиер лигата. Во моментов Варди има шест гола по ред надвор од дома. На Лестер му следуваат пеколни средби на гости со Свонси, Евертон, Ливерпул и Тотенхем, така што Варди ќе мора да се помачи за да го стигне Холанѓанецот.
- Како Ван Перси во 2011/2012, така и еден друг напаѓач на Арсенал, Јан Рајт во сезоната 1996/1997 во една сезона им даде голови на 17 од 20 тимови во Премиер лигата. Варди сезонава веќе ги матираше голманите на Сандерленд, Борнмут, Астон Вила, Стоук Сити, Арсенал, Норич, Саутемптон, Кристал Палас, Вест Бром, Вотфорд, Њукасл и Манчестер Јунајтед.
- Џејми сега почна да ужива во головите на највисоко ниво, а би можел да го оствари и рекордот на Теди Шерингам. Угледниот стрелец беше најстар голгетер во Премиер лигата кога погоди на 40 години и 268 денови. Џејми Варди има само 28 години.
- За да ги стигне Алан Ширер, Кристијано Роналдо и Луис Суарез кои во различни сезони постигнаа вкупно 31 гол на Варди ќе му треба продолжување на серијата која во моментов е 11 голови.
- За вечниот Рајан Гигс кој одигра 21 сезона по ред во Премиер, Варди ќе треба да игра до 49 година што е тешко остварливо.
- Ако Варди не подзабави, би можел да влезе во аналите на Лестер, клуб кој никогаш немал играч кој го добил признанието за играч на годината на крајот од сезоната. Во моментов Варди е најблизу до тоа признание, но има уште многу да се игра до крајот.