Првпат во историјата на Премиер лигата после 13 кола води тим со само 28 бодови. Достигнувањата на Лестер се феноменални и единствени што мораше да најдеме нешто повеќе за нив.
На 13 натпревари сезонава на „Лисиците“ паднаа 48 голови (3,7 по натпревар). Со 28 постигнати и 20 примени голови, Лестер самоуверено шета низ Премиер лигата. Ваков подвиг се случува многу ретко. На пример, во последните 20 сезони во Премиер лигата им се случило само на 4 клубови да бидат први со толку бодови после 13 кола: Сезона 1999/2000 Њукасл, 2001/2002 Њукасл, 2007/2008 Тотенхем и Ливерпул во 2013/2014.
Според анализата на статистичарите, Лестер докажал дека тоа не е случајно. Во просек, тимот на Раниери има по 140 напади на натпревар и втор е по бројот на удари во рамките на противничкиот гол.
Од 20-то на 1-во место за 1 година. Како им тргнало од рака?
На 21 ноември 2014 година Лестер беше на 20. позиција во Премиер лигата. На 21 ноември 2015. година, Лестер е лидер во првенството.
Необично, дури и кога беше 20-ти, Лестер не загубил ниту еден натпревар со повеќе од 2 гола разлика. Екипата отсекогаш беше борбена а линијата меѓу успехот и неуспехот на нивните натпревари беше тенка. Ова делумно ја објаснува нивната неверојатна серија на крајот од сезоната 2014/2015. Во однос на вложените средства на управата, тимот прави неверојатни резултати. Тезата дека Лестер оваа полусезона немаше сериозна конкуренција предизвика доста контроверзи. Атмосферата во соблекувалната на Лестер можеби е најдобра од сите други во лигата.
Како тактиката им успеа во најбогатата лига на светот?
Тактички, Лестер игра фудбал меѓу замислите на Жозе Мурињо и Хари Реднап. Ако овој податок ви делува збунувачки, тогаш сте близу да ги разберете резултатите на Лестер. Ако може да му се верува на Ибрахимовиќ, според него, Мурињо бил опседнат со моменталните ситуации:
„Тој ги смета секундите за најважни во играта. Во таква ситуација маневарот е малку предвидлив и една тактичка грешка може да реши се. Мурињо ги проучува подобро од било кој друг тренер во светот на фудбалот. Тој ги тера играчите брзо да размислуваат и брзо да носат одлуки“, изјави Златан во една прилика за Мурињо.
Клаудио Раниери е тренер кој инсистира на пресинг се додека противникот не се испровоцира да тргне поотворено, а тогаш Лисиците го задаваат конечниот удар. Интересно, додека беше селектор на Грција, Клаудио Раниери бил редовен гостин на тренинзите на Баер Леверкузен, чијшто тренер Роџер Шмит игра иста игра. На прашањето на Газета дело спорт зошто мизерно му одело со Грција во квалификациите (2 пати загуби од Фарски Острови), Раниери изјавил дека проблемот е од друга природа затоа што и по неговата оставка, резултатите на Грција и натаму се лоши.
Целиот тим на Лестер игра во страшна форма. Марк Олбрајтон, Дани Дринвотер и Нголо Канте редовно блескаат, а главните ликови во приказната на Лестер, Варди и Марез се разликуваат само по перформансите, инаку квалитетот во играта им е ист. На пристојно ниво играат и Шинџи Оказаки и Џефри Шлап, како и Каспер Шмајхел.
Кој играч заслужува посебен радар?
Освен Варди, кој е апсолутен лик на полусезоната во Европа, посебно внимание треба да му се даде и на Нголо Канте. Поради сличноста на играта го споредуваат со Клод Макелеле. Нголо го седна на клупа и Гокхан Инлер благодарение на статистиката (прв е по бројот на украдени топки во лигата).
Раниери сменил нешто или ниту еден тим ја нема храброста на Фарски Острови за да го победи?
Италијанецот се смета за херој на успехот на Лестер. Има 4 клучни елементи на неговата работа:
1. Позитивна харизма
Раниери ја почна авантурата со изјавата дека не е нужно навивачите да ги навредуваат новинарите и фановите кои му сакаат смрт на неговиот тим. Ги импресионираше новинарите, посебно со далеку подобриот англиски. Голем дел од прес конференциите се во пријатен дух и забавни се, така што новинарите не го напаѓаат многу неговиот тим.
2. Атмосфера во екипата
На мечот од 12. коло против Вотфорд, Ријад Марез му дозволи на Џејми Варди да го шутира пеналот и така му помогна да ја продолжи рекордната серија. Лестер го доби тој меч 2-1.
Тимскиот дух е одличен уште од првото коло кога Раниери зборуваше за бендот Касабијан. „Им кажав на играчите дека кога ќе истрчаат на теренот и ќе слушнат песна од Касабијан, тоа значи дека треба да се борат за навивачите, да бидат борци. Касабијан е одличен рок бенд од Лестер и мислам дека гитаристот, Серж е Италијанец".
3. Кадровски решенија
Дани Дринквотер и Ријад Марез не беа стандардни кај претходниот тренер, Најџел Персон. Тој ги влечкаше меѓу првиот тим и клупата, особено во првата половина од сезоната. Со Раниери, овие двајца се меѓу најстандарните и најстабилните фудбалери во лигата.
4. Тактика
„Кога ја гледам екипата на Гвардиола, не можам веднаш да препознаам дали игра со тројца во одбрана или со четворица. Против таквите тимови секогаш е тешко да се игра. Најлесно е да им се објасни на играчите: Тие играат 4-4-2 или 4-3-3, направи го тоа и тоа. Но кога има трио позади, скратени сте од такви објаснување. Јас сум еден од првите што во Премиер лигата донесе тактички промени и затоа го добив прекарот Тинкермен. Во извесна смисла, јас бев коловодач", се присети Раниери на минатото.