Историјата на меѓународните фудбалски натпревари во аналите на Светската куќа на фудбалот почнуваат да се испишуваат на денешен ден пред точно 143 години или поточно во 1872 година.
Мечот го закажел Шкотска и Англија на стадионот Хамилтон Крешент во Патрик каде се играло крикет, а стартот доцнел 20 минути поради густа магла. Присутните 4.000 гледачи платиле за карта по еден шилинг, а средбата завршила 0:0.
Овие две земји 20 месеци претходно играле рагби, а Фудбалската Асоцијација одлучила домаќин да биде Шкотска, за што поголема популаризација на фудбалот во оваа земја.
Всушност Англија и Шкотска претходно одиграле пет меча на кои три пати славеле Англичаните, а две средби завршиле нерешено. Но ФИФА не ги смета овие натпревари за официјални бидејќи Шкотска одбрала играчи од Лондон и сите тие средби биле одиграни во тој град.
Така што овој мечот во Патрик, одигран на 30 ноември 1872 година се смета за прв меѓународен фудбалски натпревар воопшто.
За Шкотска сите фудбалери биле во прв состав од Квинс Парк, додека Англија во стартните 11 ја претставувале играчи од девет разлики екипи.