Симболот на секојдневниот тренинг

Бјорндален најдобар и на 41 година

Најдобриот биатлонец на сите времиња, Норвежанецот Оле Ајнар Бјорндален триумфираше на 20 километарската патека на отворањето на Светскиот куп во шведскиот град Остерсундс и покажа дека со редовен тренинг сè е можно и остварливо.

На 11 јануари 1996 година Оле Ајнар Бјорндален ја оствари првата победа на Светскиот шампионат. Обидете се да направите едно ментално патување до таа зима. Каде сте биле, што сте правеле? Некој се подготвувал за работа, некој за во школо, некој за испитна сесија, некој се вљубил а некој бил разочаран. Во биатлонот има нешто што трае од тогаш и изгледа вечно.
 
41-годишен човек стана синоним за светскиот спорт, откако ја освои првата трка во неговата последна сезона. Бјорндален е освојувач на 8 (осум) Олимписки злата и 12 (дванаесет) Светски првенства. Неговиот подвиг сигурно е совршена тема за добар филм, а сите ние како негови современици сме сведоци на еден од најголемите спортисти во историјата.
 
Вчерашната победа беше 95-та во кариерата на Бјорндален, а ја оствари во конкуренција на 104 натпреварувачи. Веројатно веќе во биатлонот доаѓаат генерации кои за него слушнале преку раскажувања.
 
Вчерашниот подвиг на Бјорндален
 
Норвежанецот во светот на спортот важи за симбол на тренинг културата. Никогаш не паузирал повеќе од шест дена. Единствен алкохол што го пие е водка и коњак, но само „за да ги уништам бактериите во грлото“. 

Норвежанецот повторно најави (по трет пат) дека по крајот на актуелната сезона и дефинитивно ќе се повлече од екстремно напорниот спорт каков што е биатлонот. Потаен предизвик му останува Светскиот Куп во 2016. година кој ќе се одржи во неговата земја, каде тој не може да биде гостин туку домаќин. 
 
Возраста на победниците на Светскиот Куп во последните години:
 
1. Оле Ајнар Бјорндален - 41 година, 10 месеци и 5 дена, индивидуална трка (Остерсунд), 2 декември 2015. година.
2. Кристоф Зуман - 37 години и 54 денови, (Ханти-Мансијск, Русија), 16 март 2013. година.
3. Сергеј Чепиков - 36 години и 350 дена, спринт (Антхолц), 24 јануари 2004. година.
 

Пред шест или седум години, кога Бјорндален се натпреваруваше и против временските услови и против ривалите, се појави неговиот најголем противник - сонародникот Свенсен. Големото ривалство ги донесе речиси до непријателство, и двајцата се премногу различни и во нивниот однос и општо во спортот. Едноставно не се разбираат еден со друг. На вчерашната трка, Емил заврши четврти, а кралот Бјорндален прв.
 
Големиот шампион веќе две децении е инспирација за многу спортисти ширум светот. Во сабота, тој со жолтата лидерска маичка ќе тргне кон нова победа, како во 2009. година кога ја освои шестата светска титула.