Триумфот над Црна Гора од 4:1 и срамниот пораз од Либан на нашиот национален тим му донесоа скок од три места на рангот на ФИФА на 136-место. Тоа е најлошата календарска година во историјата.
2015-та Македонија ја завршува зад земји како Палестина, Судан, Тајланд, Танзанија, Свазилент, Намибија, Казахстан, Мадагаскар, Белизе, Литванија, Сирија, Бахреин...Срамота.
Најголем скок на ова рангирање бележи Либија која е подобра за 32 позиции и сега е 81-ва, а најмногу клизна Либерија со 21 место и сега е 107-та.
Прва фудбалска земја во светот за 2015-та година останува Белгија, а зад неа се Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.
Следното рангирање е закажано за 7 јануари идната година, а на подобри времиња за нашата репрезентација ќе се молиме на следниот квалификациски циклус за СП 2018 кој го почнуваме со селекторот Игор Ангеловски и повратникот Горан Пандев.
Со нас во група се Италија, Шпанија, Албанија, Израел и Лихтенштајн, а првиот меч го играме на 5 септември 2016-та на гости во Албанија.