Холандија на финалето на Светското првенство во 1978 година беше на пет сантиметри од победа и прв златен пехар. При резултат 1:1 против домаќинот Аргентина Ресенбринк сам си создаде шанса за гол во последната минута, но ја погоди стативата. Во продолжението Аргентина победи со 3:1.
Октомври 1991 година, стадион Ленин во Москва. Италија со Виали, Манчини, Ферара, Ѕенга игра клучен квалификациски меч за Европско првенство на кој им треба победа. Сонот им се сруши откако Руџеро Рицители ја погоди пречката.
„Се сеќавам дека се местев да шутирам и потоа ја видов топката како удира во пречка. Потоа на ништо друго не се сеќавам“, изјави Џиџи Ди Бјаџо кој со краток залет промаши пенал на четвртфиналниот дуел против Франција на СП 1998. Потоа домаќините го освоија Мундијалот.
Во поновата историја на Мундијалите се памети финалето од 2006 година, каде повторно се актери селекциите на Италија и Франција. Трезеге се мести да го совлада поранешниот колега од Јувентус, Џиџи Буфон и ја погодува пречката. На крајот се радуваа Италијанците по пеналот на Фабио Гросо.
На последното Светско Бразил ја мина Колумбија во осминафиналето на пенали со 3:2. Маурисио Пинила прв погреши во пенал серијата, а на минута до истекот на 120-те минути ја погоди пречката.
На последното финале од Купот на Италија, многу лесно можеше пехарот да заврши во рацете на Лацио. Во регуларниот дел Раду и Кјелини погодија за 1:1, а во продолжението Филип Ѓорѓевиќ два пати ја погоди стативата. Мечот го реши Матри во 97 минута.