Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Марсеј - Контраст на нации, вери и славен фудбалски клуб

Кога на едно место ќе се спојат источната и западната култура се добива контраст од многу нешта. Марсеј е градот кој живее за Олимпик, некогашниот европски шампион и град кој ќе пречека една групна фаза од ЕП 2016.

Златните денови на кошаркарскиот бренд Работнички кој стана четврти во Европа

Од Рики слушнавме за првото забивање на отворено игралиште во Скопје, за првиот пресинг, првиот Југословен кој заминал во НБА лигата и како во Милано ги наместиле да загубат за да не влезат во финале на Европскиот Куп. Се чувал и со Корач.

Најголемиот фраер меѓу голманите

Тоа што се решил целата фудбалска кариера да ја мине меѓу статитиве, не значи дека не му дозволува да мрдне од таму, особено кога решава да реши натпревар.

И вие после се жалите на коментаторите?

Недељко Ковињало е коментатор на РТС кој припаѓа на повозрасната генерација коментатори, а неговата небрежност често е предмет на потсмев. Во текот на еден пренос од 90 и кусур минути, повеќе од 10 пати се извинува за грешките кои ги прави.

Убиен репрезентативец на Хондурас, изрешетан 11 пати

Играчот од средниот ред на Депортиво Олимпија, Арнолд Пералта (26) бил убиен синоќа пред еден трговски центар во Ла Сеиба во Хондурас.

Монако прегазен во Лондон, Партизан со празни раце

Партизан ниту после 11 години нема да презими во Европа иако водеше 1:0 против Аугзбург, на крај загуби 1:3. Спортинг убедлив против Бешикташ, а Ламела со три шута му да даде три гола на Монако на Вајт Харт Лејн.

Ставрев судеше, паднаа седум голови, Тричковски отпадна

Единствениот македонски претставник во фудбалска Европа, Иван Тричковски нема да ја дочека пролетта во ЛЕ, откако вечерва неговата Легија загуби од Наполи. Фенербахче оди понатаму, Ајакс испадна.

Пеколна увертира во Неапол

Вечерва играат Наполи и Легија Варшава, екипи кои ги имаат можеби најфанитичните навивачи во Лигата на Европа. Како резултат на тоа доцна синоќа на улиците на Неапол имало неколку тепачки.

Најрасни стрелци во историјата на ЛШ

Кристијано Роналдо го искористи дуелот со Малме дополнително да побегне на вечната листа најдобри стрелци во елитната ЛШ. На неа се уште и врвни стрелци како Дрогба, Шевченко, Раул, Анри, Пипо Инзаги.

Како Мухамед Али му одржа лекција на Доналд Трамп

По неодамнешниот предлог на еден од кандидатите за претседател на САД на сите муслимани да им се забрани влез во САД, поранешниот светски боксерски првак не можеше да премолчи на тоа.

Гигс, Мејведер, Џордан и спортистите кои паднаа во афери

Коцкање, уцена, предавство, измами, затвори, - сè што е човечко не им е туѓо, па дури и на најдобрите спортисти како Мајкл Џордан, Рајан Гигс, Вејн Руни и други.

ЈСП во 35’ го скрши отпорот на Македонски Телеком

Во 10. коло од Бизнис лигата на Македонија Алкалоид го наполни ОНЕ.ВИП со 12 погодоци, а ЕВН го совлада ТРАНСМЕТ.

Ветено - сторено

Една од најпознатите бразилски манекенки, Синтија Валентим го одржа ветувањето што го даде дека ќе се соблече во случај нејзиниот омилен Палмеирас да го освои Купот на Бразил.

Толку од Франција за Бензема?

И покрај отворената поддршка од Зинедин Зидан, напаѓачот на Реал Мадрид веројатно привремено ќе биде исфрлен од француската репрезентација, на инсистирање на претседателот на федерацијата Ноел Ла Гре.

Гарнет бил стар?

Иако неговата Минесота минимално загуби од ЛА Клиперс, Кеј Џеј покажа дека не е за старо железо. Особено кога го залепи како постер Блејк Грифин.

Искуството пресуди, Челси и Арсенал се осминафиналисти

Гери Невил имаше лошо деби за Валенсија која загуби од Лион, а Гент славеше над Зенит за пласман во нокаут фазата од ЛШ. Таму ќе патува и Рома без голови против БАТЕ, бидејќи Баер Леверкузен не успеа да ја совлада Барселона, како и Динамо Киев.

1.300 евра казна за запалени турски знамиња

Кога има некој политички или воен конфликт, стадионите се први места на кои се демонстрира омраза, незадоволство, тензија. Навивачите на Спартак Москва го запалија турското знаме во 18. коло од руското првенство на мечот против Крилја Советов и сега ја дознаа казната.

Раѓањето на златното момче на италијанскиот фудбал

Во 2004-та Пеле го стави во изборот на најдобрите 100 играчи во светот. Сега има 72 години и ќе објавува автобиографија, а го убедиле да отвори и канал на Јутјуб. Од детските моменти памети и како се пресоблекувал во кокошарник.

На Барселона не ѝ требаат шест кола за осминафинале

Во последните седум сезони во Лигата на шампионите, Барселона во пресрет на последното коло само еднаш не била 100% пласирана во нокаут фаза.

Ибра - сакаш центарфор, сакаш стопер

Еден гол даде, еден намести и еден спаси по што неговиот Пари Сен Жермен рутински со 2:0 го совлада Шахтјар Доњецк во Лигата на шампионите.

Ница - долга историја фудбал пред Аѕурниот Брег

Во пресрет на ждрепката за групите на Европското првенство 2016-та, која ќе се одржи на 12. декември во Париз, ќе ги разгледуваме градовите домаќини на континенталниот турнир. Стадионите веќе ги запознавме, а од градовите прва е Ница.

Најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата

Ледли Кинг ја мина цела кариера во Тотенхем од 1999-та до 2012-та. Кога на денешен ден пред точно 15 години отпатува на гостување во Брадфорд, на 20 годишниот играч се гледало како на млад и талентиран дефанзивец. Но тој во еден момент влета во напад и го постигна најбрзиот гол во Премиер лигата, остварен за 10 секунди.