Фудбалерот на Хондурас кој беше на списокот репрезентативци на оваа земја за мечот со Куба е убиен од 11 истрели кога на него пукале двајца напаѓачи на мотор. Сè се случило за неколку секунди пред очите на десетина минувачи.
Арнолд Пералта, роден во 1989 година веќе неколку сезони беше стандарден репрезентативец на Хондурас. Убиството се случило близу пристаништето во Ла Сеиба, роднииот град на Пералта кој излегува на Атлантскиот океан. Фудбалерот е убиен додека излегувал од својот автомобил.
Според тамошните медиуми, убиството, според динамиката и бруталноста е класично подмирување сметки,
пренесува Газета. Неколку часа пред убиството, Пералта бил повикан за пријателскиот меч против Куба во среда следната недела.
Убиството е многу брутално за да се смета за обична престрелка, особено што неколку сведоци изјавиле дека двајцата напаѓачи веднаш избегале од местото и немале намера да украдат нешто од убиениот. Дневниот лист
Ла Пренса од Хондурас претпоставува дека случајот можеби е поврзан со друга драма што го погодило семејството Пералта: Убиството на Бајрон, 28-годишниот братучед на Арнолд Пералта, убиен на 1. јуни од тројца маскирани напаѓачи кои му влегле во домот.
Во моментов хондураските медиуми само претпоставуваат, затоа што Пералта претходно немал никакви казни, ниту проблеми со некој.
Во јануари годинава, Пералта се врати во татковината по година ипол во Ренџерс во Шкотска со кој во 2014-та влезе во Лига еден.
За кратко време Пералта станал лидер на клубот Депортиво Олимпија, најтрофејниот клуб во Хондурас со 24 титули и 2 Конака пехари. Во репрезентацијата игра уште од селекцијата до 20 години, на која ѝ бил капитен на Светското првенство во Египет во 2009. година. Дебитирал за сениорите во 2011-та и играл на Олимписките Игри во Лондон во 2012-та.
Пералта бил еден од најзаслужните за пласманот на Хондурас на Мундијалот 2014 во Бразил, но мораше да го пропушти Светското поради повреда. Следната среда против Куба требаше да игра за репрезентацијата. Сочувство веднаш изразиле федерацијата и клубот преку Твитер.