Еден од најдобрите светски голмани во моментов, Белгиецот Тибо Куртоа кога и да брани за репрезентацијата, за време на интонирањето на химната во еден момент ја чепка брадата со ракавиците. Ај еднаш, ај два пати, ама нон-стоп?
Неговата Аргентина на 5. и 10. октомври ја очекуваат клучните два натпревари за пласман на Светското првенство 2018 против Перу дома и Еквадор на гости. На тие дуели Меси ќе се обиде да повтори нешто од овие потези.
На крајот од јуни 1992, пред точно 25 години, првиот официјален меч го одигра самата најфантастична екипа во историјата на тимските спортови. Таква репрезентација немало и тешко дека ќе има во блиска иднина.
Во овие 9 години откако Забалета е во Сити се менуваа претседатели, тренери, управи, играчи, а само тој никогаш не се смени. Остана борец кој играше за „граѓаните“ дури и кога морал да оди на операција на скршениот нос.
Иако сè уште не е до крај јасно дали нема да игра за репрезентацијата, Меси има сериозни причини на своја страна на тасот од вагата со која го мерат неговиот патриотизам.
Клучни натпревари викендов се играат во Кардиф, Рејкјавик и Зеница. Холандија е под силен притисок, а Фарски Острови ќе бркаат втора сензација во тековните квалификации. Македонија гостува во Жилина.