Репрезентацијата на САД, првпат во историјата го комплетираше составот со НБА професионалци и го започна триумфалниот поход кон олимпиското злато од американските квалификации.
Оваа селекција стана и најуспешна во историјата. Олимписките Игри во Барселона ги освои смешно, откако ги мелеше противниците со по 43 поени разлика во просек.
Најголем отпор им пружи Хрватска во финаллето (’Коцкестите’ изгубија со -33 разлика). Дали оваа репрезентација дојде од некоја друга галаксија пресудете сами.
ПЛЕЈМЕЈКЕРИ
Меџик Џонсон, Џон Стоктон
Од спортска гледна точка, чисто како дискусија, позицијата „кец“ можела да претрпи измени. Кога во септември 1991 година USA Basketball првпат го соопштила поширокиот список кандидати за репрезентацијата, уште не било познато како ќе излезе тестирањето за ХИВ на Меџик и дали тој ќе мора да го напушти професионалниот спорт.
Ѕвездата на Лејкерс и не играше воопшто во сезоната 1991/92, а се појави на All-Star Game благодарение на гласовите на навивачите и покрај протестите на неколку играчи - беше признаен за MVP.
Меџик тој период имаше проблеми со коленото, а на Олимписките игри во Барселона пропушти само два меча. За Стоктон немаше никакви проблеми: тој одигра блескава сезона, стана лидер во НБА по бројот на асистенции и тешко беше да се замисли позицијата „плеј“ без водачот на ’Џезерите’.
Единствена замена за нив двајца во предолимпискиот состав беше Ајзеа Томас (18,5 поени, 7,2 асистенции во просек сезоната), но решавачки фактор против него беше конфликтот со Мајкл Џордан кој рекол „или он, или јас“. Џордан и Томас одамна биле во лоши односи особено по дебитантската сезона на Мајкл кога Детроит грубо играше против него во финалето на конференцијата.
Кандидати за Дрим тимот беа уште и Тим Харавеј и Кевин Џонсон.
БЕКОВИ
Мајкл Џордан (30,1 поен во просек), Клајд Дрекслер (25,0 поени во просек)
Репрезентацијата на САД ги имаше двата најефикасни бекови-шутери во лигата. Во полза на Клад беше и фактот што предолимписките квалификации се одржуваа во неговиот Портланд каде беше како дома. Тогаш само луд човек би можел да предложи замена за некој од овие двајца а се споменуваа Мич Ричмонд (22,5 поени) или Реџи Милер (20,7 поени).
КРИЛА
Лери Бирд (20,2 поени, 9,6 скока, 6,8 асистенции), Скоти Пипен (21,0 поени, 7,7 скока, 7 асистенции во просек), Крис Малин (25,6 поени)
Легендарниот Лери на Олимпијадата дојде на 35 години. Имаше сериозни болки во грбот па почесто беше на клупата или седеше во аголот. Претходната сезона одигра 45 меча (на еден од нив имаше трипл-дабл со 49 поени, 14 скока и 12 асистенции).
Во квалификациите два пати се појави на паркетот, а во август после барселонскиот турнир ја заврши кариерата. Тој беше симбол на Dream Team епохата. За Пипен и Малин никој немаше и не смееше да има прашања. Нивни конкуренти за место во тимот беа Глен Рјас (22,3 поени) и најдобриот новајлија во сезоната Лери Џонсон (19,2 поени, 11,0 скока).
КРИЛНИ ЦЕНТРИ
Карл Мелоун (28,0 поени, 11,2 скока), Чарлс Баркли (23,1 поен, 11, 1 скок), Кристијан Лејтнер
Во светската кошарка Кристијан Лејтнер се прослави со тоа што стана 12. играч во елитното друштво олимпијци. USA Basketball се стремеше да биде коректен и да има место и за играч од студентската лига. Изборот беше тежок затоа што во NCAA во тој момент играа страшни кошаркари: Првиот пик на драфтот 92’ - Шекил Онил од Луизијана Стејт, а комитетот ги разгледувал и кандидатурите на Харолд Мајнор, Џими Џексон и Алонзо Морнинг.
Лејтнер победил на крајот благодарение на успесите на неговиот тим Дјук кој освои две титули по ред.
Мелоун и Баркли беа најдобри ’четворки’ во НБА во тој момент. Сер Чарлс имаше најголема репутација за имиџот на репрезентацијата. Кога шетал низ Барселона го прашале зошто е без телохранители а тој одговорил: What?!
Стана најдобар стрелец на Америка на Олимпијадата. Кандидат за ова место бил и Денис Родман кој имаше по 18,7 поени во просек, но што би рекле тему за репутацијата на САД ако тој би дошол?
ЦЕНТРИ
Патрик Јуинг (24,0 поени, 11,2 скока и 3,0 блокади во просек), Дејвид Робинсон (23,2 поени, 12,2 скока, 4,5 блокади)
Овој избор бил без алтернатива. Имаше двајца најдобри центри во НБА а со нив можеше да се рамни само Хакиим «The Dream» Олајџувон (21,6 поен, 12,1 скок, 4,3 блокади) но тоа што се родил во Нигерија било пречка за Хјустонецот да добие документи, пасош и државјанство на САД. Тој едвај успеал да ги реши сите формалности (ФИБА имала строги критериуми), па се појави на Олимпијадата во Атланта 1996.
Сјајниот документарец за Дрим Тимот од Олимпијадата 1992: