Кон крајот на ’80-те години бистрите умови Бора Станковиќ (претседател на ФИБА) и Дејвид Штерн (легендарен комесар на НБА) размислувале како да организираат влез на професионални кошаркари во меѓународните натпреварувања како Олимписки Игри.
На Олимписките Игри 1992 година во Барселона, кошаркарската селекција на САД дојде во страшен состав кој со право го доби името Дрим Тим. Џордан правеше спектакл во дрес кој стана култен и сега се продава на аукција.
На крајот од јуни 1992, пред точно 25 години, првиот официјален меч го одигра самата најфантастична екипа во историјата на тимските спортови. Таква репрезентација немало и тешко дека ќе има во блиска иднина.