ЈСП во 35’ го скрши отпорот на Македонски Телеком

Во 10. коло од Бизнис лигата на Македонија Алкалоид го наполни ОНЕ.ВИП со 12 погодоци, а ЕВН го совлада ТРАНСМЕТ.

Алкалоид фуриозно во дуелот со ОНЕ.ВИП

Алкалоид 13-2 (12-0) ОНЕ.ВИП
Алкалоид: Оливер Христовски 1’, 10’, 11’, 12’, 13’, 17’, 20’, Сунај Љазим 3’, 5’, Стефан Димовски 6’, Нико Този 14’, 16’, Николче Дамјановски 32’
ОНЕ.ВИП: Мартин Ангеловски 34’, Дарко Таневски 35’

Екипата на Алкалоид во дуелот со ОНЕ.ВИП влезе доста мотивирано уште на самиот почеток, наметнувајќи ја својата препознатлива игра, пред се во делот на нападот, каде што беа неприкосновени и ги искористија сите потенцијални шанси за гол. ОНЕ.ВИП не можеше да одговори на вака расположениот Алкалоид, едноставно не можеше да ја најде противиграта која ја бараше во текот на целиот натпревар, па го загуби натпреварот со 13-2. Полувреме 12-0.

ЈСП во 35’ го скрши отпорот на Македонски Телеком

Македонски Телеком 1-2 (1-0) ЈСП
Македонски Телеком: Влатко Манев 18’
ЈСП: Даниел Антовски 35’, Сабит Хусеини 38’
Екипата на Македонски Телеком имаше перфектно прво полувреме во кое демонстрираше одлична игра во одбраната, при што ги затвори целосно сите играчи на ЈСП и успеа со гол предност да го заврши полувремето во своја полза. Во второто полувреме екипата на ЈСП играше мошне офанзивно  и целиот акцент го имаше ставено на играта во нападот. Македонски Телеком успешно се бранеше се до 35’, кога беше скршен отпорот и за само 2 минути ЈСП успеа да даде 2 гола и го доби овој натпревар со 1-2.

ЕВН во отворен фудбал го совлада ТРАНСМЕТ

ТРАНСМЕТ 6-8 (2-4) ЕВН
ТРАНСМЕТ: Мехмет Коркуч 17’, Един Скендеровиќ 20’, 34’, 35’, 40’, Живко Стојкоски 33’
ЕВН: Бојан Маџовски 6’, Александар Димовски 7’, Петре Даиловски 16’, 18’, 22’, 27’, Илија Мандаров 20’, Ајет Новобрдарија 32’

Екипата на ЕВН го одигра последниот натпревар во ова 10 коло на Бизнис Лигата на Македонија, во кој ги одмери силите со екипата на ТРАНСМЕТ. ЕВН уште на самиот почеток стекна предност, пред се на играта која ја наметна. Играа доста брз и отворен фудбал со многу проигрувања преку кои успеваа да дојдат до лесна реализација. Екипата на ТРАНСМЕТ не можеше да се снајде на самиот почеток, по што се обиде со голман – играч да ја анулира резултатската предност која ја оствари ЕВН и беше настојчива, но не успеа во тоа, за да на крајот го загуби овој натпревар со 6-8.

10 декември 2015 - 11:19