Раѓањето на златното момче на италијанскиот фудбал

Во 2004-та Пеле го стави во изборот на најдобрите 100 играчи во светот. Сега има 72 години и ќе објавува автобиографија, а го убедиле да отвори и канал на Јутјуб. Од детските моменти памети и како се пресоблекувал во кокошарник.

На 10 декември излегува „Џани Ривера, вчера и денеска, автобиографија на еден шампион“ која ја раскажува кариерата и животот на еден од најдобрите фудбалери во историјата на италијанскиот фудбал. Го доби прекарот „Златното момче“, а за малку вели дека немало да се родел. Џани се отвари за животот на неговите родители и за сестра му која не успеал да ја запознае.

„Често имам раскажувано за моето потекло од село, иако од секогаш сум живеел во град. Мислам дека до сега малку луѓе знаат за драмата која ја преживеале моите родители, толку тешка што било ризично ниту јас, ниту брат ми Мауро да не се појавиме на светов. Некое време по венчавката на Терезио и Едера, на 22 јануари 1942-ра се родила Марија Луиза. Била убава велат, но било пишано да умре. Тогаш немало лекови против ретката болест на срцето која ја погодила. Тоа било случај еден на милион, велат лекарите од тоа време. Сепак Марија растела, станувала уште поубава и ја минувала полека кризата, се до една грешка на лекарите. Мајка ми и татко ми знаеле дека немала шанси, иако живеела повеќе од очекуваното“.

„Терезио работел на железница и секој ден се враќал дома со страв дека ќе ја најде мртва. Така и било еден ден. Девет месеци откако минала низ разни тешки моменти, малата Марија Луиза не успеала да преживее и ја оставила нашата земја без да ја открие до крај својата убавина. Болката била толку тешка, што моите не сакале повеќе да имаат деца. Еден доктор им кажал: `Кога се затвора една врата, се отвора поголема врата`. По една година, на 18 август 1943-та се родив јас, Џани или Џовани. Мајка ми сакале да ме викаат Џани, но на татко ми му рекле дека тоа не е можно, бидејќи немало светец со тоа име. За него не било проблем да ме преименуваат во Џовани, иако така ги викале дедовците. Мајка ми се налутила и ме викала Џани, а вистинското име јас си го дознав кога го видов мојот прв документ“.

„Инаку моите родители се родени во Вале Сан Мартоломоео, а откако се венчале поради работата на татко ми се преселиле во Алесандриа. За време на војната која почнала во 1940 година имало многу бомбардирања, а кога татко ми ќе ја слушнел сирената за аларм, веднаш се криел во локомотивата каде што работел. Едера била бремена и во тие тешки моменти сум се родил јас, во една соба во хотел кој бил во сопственост на семејството на мајка ми“.

Дел и од почетокот на фудбалската приказна на Џани.

„Во тоа време Алесандриа беше првиот клуб кој организираше проба за деца помали од 14 години. Мајка ми не сакаше да ме прати и се плашеше од болести. Тогаш само што заврши војната и немаше соблекувални, па моравме да се преслекуваме во кокошарници“.

Џани Ривера одигра една сезона во Алесандрија, а потоа од 1960-та до 1979-та беше дел од Милан со кој освои 3 Скудета, 4 Купови на Италија, 2 Европски Супер Куп, 2 пати Куп на куповите на победниците и еден Интерконтинентален Куп.

Легендарниот плејмејкер на Милан во 1968 година стана Европски првак со Италија, а две години подоцна играше финале на Светското првенство. Во 1969-та ја освои Златната топка.

9 декември 2015 - 16:08