Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почина актерката Весна Стојановска Николовска

12 јануари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Денес, на популарната Фејсбук страница „Бардовите на македонското глумиште“ осамна вест за смртта на актерката Весна Стојановска Николовска, долгогодишна актерка во Македонскиот народен театар. 
  • На јавноста таа ѝ беше најпозната по улогите во Македонски народни приказни, Тврдокорни, Солунски патрдии и Последната македонска елегија. 

 

извор

Зошто треба да се пишуваат и негативни критики?

29 јули 2025
  • Share
  • Post
  • „Македонската книжевна сцена со години, ако не и со децении е заглавена во еден вртлог на немање силна, разумна, издржана критика. Нема критика која пробува критички и теориски да пристапува на книжевните дела и да ги елаборира нивните добри и/или лоши страни наместо само да ги хвалоспева делата што се појавуваат во македонската книжевна продукција“ - пишува Андреј Медиќ Лазаревски за Култура Бета.
  • Во ситуации како во нашата домашна книжевна продукција, кога самата продукција е во состојба да издава колку што издава, неопходно е формирање на јасна, здрава, цврста и издржана критичка мисла за да може самата продукција да се филтирира, а со тоа и да се подобрува, да напредува и, секако, да воспоставува комуникација, дијалог и дискусија за книжевните дела кои се објавуваат наспроти воспоставената пракса на „тапкање по рамо“ и зборување „зад грб“.
  • Зарем непишувањето на текстови за некои дела не е доволна критика за самите нив. Зарем игнорирањето на лошите книги не е доволна критика за нив. Зарем неучеството на тие дела во јавната книжевна дискусија не е доволна критика за нив!? Не! Одбегнувањето на лоши книги не е ниту субверзивно, не е ниту кул, не е ниту естетички и книжевно-теориски оправдано. 
извор

Рибарски караници на Ротинско езеро

22 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Премиерата на претставата  „Рибарски караници“, по текст на Карло Голдони, а во режија на Јован Ристовски, на 25 јули ќе биде изведена на отворено, до Ротинското Езеро во потпелистерското село Ротино.
  • Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола започна со реконструкција на патот до езерото, туристичка атракција каде што првпат ќе се одигра театарска претстава. Од Народниот театар во Битола велат дека ова е уште еден доказ дека театарот го менува светот, а директорот Васко Мавровски најави театарски спектакл.
  • Во комедијата играат Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска и Марија Стефановска.

Билети за 26.07. тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

„Предавник“ на српски

Балканштина
2

Бугарска битка за невестата

Балканштина
3

Кога сакаш да ги избегнеш македонските граници

Балканштина
4

Важно за нас визите уште ги држат

Разно
5

Пчелар на денот

Балканштина
6

Вистинската причина зошто Западот поттикнува војна против Кина

Свет
7

Георгиевски: Слепа држава

8

Шибај Кина, не нè чекај

Забава
1

Полека (мор' полека) со ботаничкиот „сексизам“

Bookbox
2

Братот на Олдос Хаксли бил прв директор на УНЕСКО и - еугеничар

Bookbox
3

Историја на атентатите - од Франц Фердинанд до Осама Бин Ладен

Bookbox
4

Како да носиш фустан направен од стакло?

Bookbox
5

Човекот кој од 1962 водел список со прочитани 3.599 книги

Bookbox
6

Зошто треба да се пишуваат и негативни критики?

7

Рибарски караници на Ротинско езеро

8

Букбокс читанка и гледанка: „Младост без младост“ од Мирча Елијаде

Читанка
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Кога сакаш да ги избегнеш македонските граници

Балканштина

„Предавник“ на српски

Балканштина

Лежерен бизнис модел

Медиуми

Главни вести за втори август

Балканштина

Видео дефиниција за босанска тврдоглавост

Балканштина

Болеше ли?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Подарок за секој случај

Каков човек е Даниел Кајмакоски?

Што пееше Гркот убиен од фашист?

Битола и Тетово го поделија парламентарното прасе

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy