Ветено - сторено

Една од најпознатите бразилски манекенки, Синтија Валентим го одржа ветувањето што го даде дека ќе се соблече во случај нејзиниот омилен Палмеирас да го освои Купот на Бразил.

Валентим сигурно не е прва што се решила на ваков потег, имајќи предвид дека нејзините колешки од Италија се натпреваруваат со иста жар како и нивните омилени клубови. Важно е што е девојка од збор.
 
Убавата Синтија страствено го бодри Палмеирас уште од мала и неодамна ветила дека ќе позира во случај Купот да го освои нејзиниот Палме. Цели 79 минути навивачите на Палмеирас чекаа нивниот тим да даде гол и со 1:0 да го победи Сантос во реваншот од финалето на Купот (вкупни 2:2).
 
Синтија го одржа ветувањето, а ние ќе навиваме Палмеирас во иднина да го освои првенството, не само Купот.
 

Нејзиниот Инстаграм тука.