Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Сите бројки на Роналдо против Малме

На статистичарите им се отвори многу работа по синоќешните 8:0 во Мадрид за кои за сега е специјализиран само Рафа Бенитез.

Како Јунајтед не пројде група трет пат во 10 години?

По депресивните настапи на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, навивачите на овој клуб ќе се задоволат со Лига Европа. Не поминаа група која Фергусон на времето ја проаѓаше со младинци и со Парк Џи Сунг и Македа.

Чудо голманово

На мечот меѓу УАИ Уркиза и Депортиво Морон, гостинскиот фудбалер Херардо Мартинез се обиде од половина терен да даде гол, но домашниот голман Матиас Кањо направи неверојатен акробатски потег каков што ретко се гледа.

Букет цвеќе, Русија и Турција

Иако во кошаркарските европкупови меѓу себе играа повеќе руски и турски екипи, тоа не предизвика такво внимание како футсал натпреварот меѓу овие две земји во турскиот град Измир.

Лекција по гостинско навивање

Малме прими 8 гола на Бернабеу и отпатува во Шпанија како аутсајдер. Исто беше и со Борусија Менхенгладбах која загуби од Сити со 4:2 и немаше шанси за нокаут фаза во Лига на шампиони. Тоа не беше пречка да се оди на гостување во Мадрид и Манчестер и тоа во бројка од неколку илјади. Респект за лојалноста на момциве кои грмеа на трибина.

Само Бенитез го бива за вакви рекорди

Реал Мадрид го совлада Малме со 8:0, а пред 8 години и Ливерпул го совлада Бешикташ со 8:0. Ова е рекордна победа во новата ера од Лигата на шампионите, која му припаѓа само на еден тренер.

Манчестер Јунајтед ќе се теши со Лига Европа

Волфсбург на 6 минути до крајот го исфрли тимот на Луи ван Гал од ЛШ. За осминафинале во истата група се избори и ПСВ кој направи пресврт против ЦСКА Москва. Севиља славеше над Јуве за пласман во ЛЕ, Реал Мадрид броеше до 8, а Роналдо до 4.

Тужба за голманот кој ископа дупка на терен

Марвин Хиц изјави дека никогаш до сега не одбранил пенал, па смислил начин како да го збуни противникот. За санација на теренот ќе плати 123 евра.

Искуството на ЕЛЕМ клучно за победата над Адмирал

Во 10. коло од Бизнис лигата на Македонија до победи стигнаа екипите на Лукоил, ЕЛЕМ и МЕПСО.

На кој за што му треба во ЛШ

Во вторник и среда вечер се игра последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Отворени се седум места за последниот воз во кој веќе влегоа девет екипи.

Доживотен договор за Леброн од Најк

Суперѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс е првиот спортист кој потпишал договор со спортскиот бренд до крајот на животот.

Денот кога Најдоски и Панчев се качија на светскиот врв

На денешен ден пред 24 години, Црвена звезда стана најдобар тим на светот откако во Токио го освои Интерконтиненталниот куп против чилеанскиот Коло Коло. Панчев беше еден од стрелците, а Најдоски командуваше со одбраната.

Голманот кој утна само еден пенал

Рожерио Сени оди на ептен заслужена пензија со багаж од 1.237 натпревари, 131 гол и 26 трофеи со се тие во помалите купови. Сето ова го даде за еден клуб, Сао Паоло од 1993-та.

И на небо јас ќе одам само да те бодрам

90-годишниот Ерни Крауч го следел Арсенал дома и на гости од 1934. година, а починал пред мечот со Сандерленд изминатиот викенд.

Афера на Блатер со 100 милиони долари

За време на истрагата за корупција во ФИФА, американското министерство за одбрана продолжува да наведува дека ќе ја лови најголемата птица без да го споменува неговото име, кое ќе се појави на БиБиСи.

Циркузот на Фоњини на Вимблдон

Најдобриот италијански тенисер е омилен меѓу публиката каде и да игра, затоа што за него важи народната што на ум, тоа на друм. Не му ја мисли многу и кажува сè на прва.

Зошто не треба да се игра на нива

Бразилскиот голман Агенор од Жоинвил викендов најмногу се нервираше поради дождливото време или уште поточно поради тоа што судијата дозволи да се игра фудбал кога на теренот има бара. Неговиот тим загуби од Гремио со 2:0.

Голмани или глинени гугутки

Во дуелот од втората романска лига меѓу Фарул и Дунарја, навивач го нападна голманот Александар Гудеи, по што беше соборен од редарската служба а голманот доби црвен картон затоа што така налагаат правилата.

Таблет за најдобриот Типстер во декември

На тој што ќе му оди најдобро на Типстер од 1 декември до истекот на годинава, среќна нова 2016-та ќе му честитаме со Таблет Toshiba.

Највпечатливи тениски изјави во 2015-та

Годината што изминува донесе врвен тенис, неколку изненадувања, како и несекојдневни изјави поврзани со приватниот живот на тенисерите и тенисерките.

Што е со резултатите ова коло?

Ако некој фатил тикет ова коло во кладилница или поминал добро на Типстер нека ни пише, баш не интересира што фатил во викенд кога скоро сите фаворити кикснаа.

Хаос на дербито во Чиле

Незапаметени навивачки нереди го одложија одигрувањето на големото дерби меѓу Коло Коло и Сантијаго во Чиле.

Малме и Париз им беа попатни станици до Ел Класико

Навивачите на Меренгес од Македонија успешно ја заокружија богатата 2015 година во која ги бодреа Кралевите ширум Европа. Ни раскажаа за контактот со уредникот на реномираниот АС и зошто настанал проблем со поставувањето на македонското знаме на трибините каде се наоѓа групата Ултра Сур.