Пред 10 години во лондонската болница Кромвел престана да чука срцето на Џорџ Бест. Недела дена подоцна, слабиот состав на Манчестер Јунајтед загуби во Лисабон од Бенфика, падна на последното место во групата и не помина ниту во Купот на УЕФА.
Еден од учесниците на тој меч ја смени работата стручен коментатор и стана тренер, а друг му прави друштво на Ван Гал во разочарувачките резултати на Јунајтед.
Вториот синоќа седеше од левата страна на холандскиот тренер и се виде неговата нервоза што англискиот клуб ги плати ризичните одлуки за составот и пред сè поради мечот без голови против ПСВ на домашен терен. Натпревар на кои илјадници светла гореа во чест на годишнината од смртта на Џорџ Бест.
Јунајтед веќе извесно време е во процес на реструктурирање по успешниот почеток на новиот милениум и падот кој следуваше, и се подготвуваше да најде одговор за предизвикот од новиот сериозен ривал Челси со Мурињо и Абрамович.
Денешниот Јунајтед сè уште лебди во потрагата по себе, а резултатите покажуваат дека уште не се освестиле по заминувањето на Алекс Фергусон. Од друга страна, потрошија околу 250 милиони фунти на нови играчи, а процесот повторно се одложи на неодредено време.
Сезонава е слична со неуспешната кампања 2011/2012. Тогаш Сер Алекс се помири со Лига Европа по нерешените средби 3:3 со Базел и 2:2 со Бенфика. Мозаикот на катастрофата се спојуваше од помали детали, до коло во коло а кулминираше со голот на Фрај од Базел на Ст. Јакоб-Парк кој ја спои целата сложувалка.
Во 2015-та, Манчестер Јунајтед играше бледо повеќе од 500 минути во ЛШ. Делуваше блед, незрел и далеку од темелен. Изгледаа како „мирни сме, знаеме што правиме“, но не беа подготвени за факторот изненадување.
На Фолксфаген Арената сонуваа спасение со Гиљермо Варела, Камерон Џексон, Џеси Лингард и Ник Пауел на теренот. Овој последниот не се појавил уште од дебаклот против Милтон Кеинс Донс во Купот лани и неодамна рече дека е разочаран од фудбалот.
Ризикот и довербата со младите е одлично продолжение на клупската традиција, а кај Ван Гал дебитираа повеќе од 10 воспитаници од академијата. Но вклучувањето 18-годшини момци во тимот некогаш не е од голема корист ако нема докажан напредок кај нив. Тајлер Бекет, на пример сега е во Селтик. Споредете го него со децата на Тотенхем, Ерик Даер, Хари Кејн и Деле Али под водство на Маурицио Почетино.
Едно е сигурно, Манчестер Јунајтед ќе сака што поскоро да ја заборави сивата есен во Европа.