Хаос на дербито во Чиле

Незапаметени навивачки нереди го одложија одигрувањето на големото дерби меѓу Коло Коло и Сантијаго во Чиле.

Во ситуација кога на многу интернет страници кои се занимаваат со резултати во живо се појави информацијата дека дербито на 15. коло во Чиле меѓу Коло Коло и Сантијаго е одложено, ретко кој знаеше што се случувало таму.
 
Целата ситуација се вжештила уште пред стадионот, каде навивачите на некогашниот учесник на финалето на Интерконтиненталниот Куп нападнале комбе со противнички навивачи.
 
 
Тоа било само вовед во нередите што следувале а од кои повредени излегле неколку хулигани.
 
 
7 декември 2015 - 12:58