Сите бројки на Роналдо против Малме

На статистичарите им се отвори многу работа по синоќешните 8:0 во Мадрид за кои за сега е специјализиран само Рафа Бенитез.

11 – Никој друг нема претходно постигнато 11 гола на 6 меча во групна фаза од ЛШ. Тоа се скоро по 2 во просек.

6 – Само 6 од 32 екипи (без Реал Мадрид) во групната фаза постигнаа повеќе голови од него. Баерн Минхен 17, Барселона 14 и ПСЖ, Манчестер Сити, Баер Леверкузен и Зенит по 12.

10 – Роналдо имал 10 удари кон голот на Малме, 6 во рамките на гол од кои 4 завршија во гол.

3 – По трет пат стигнува до 11 гола во една сезона во ЛШ. Само тројца играчи успеале да го надминат тој успех, два пати Меси и по еднаш Марио Гомез и Руд ван Нистелрој.

5 – По петти пат во низа Португалецот стигнува до дупла цифра на погодоци во ЛШ.

20 – Хет-трикот за 11 минути во вториот дел е третиот најбрз хет-трик во ова натпреварување, а четирите гола кои ги даде за 20 минути се вторите најбрзи.

4 – Во однос на европските натпреварувања КР7 е четвртиот фудбалер во историјата на клубот со 4 гола на еден меч после Ди Стефано, Хуго Санчез и Пушкаш, а прв во ЛШ.

88 – Сега му бега 9 гола на Меси кој во ЛШ има 79.

9 декември 2015 - 11:39