Ерни Крауч тргнал кон стадионот Емирати, но силната магла и ветерот несреќно го однеле кон еден автобус кој удрил во Ерни по што легендарниот навивач на Арсенал починал на лице место. Итната помош дошла набрзо, но Ерни веќе бил починат.
„Сите во Арсенал сме тажни, затоа што почина нашиот долгогодишен навивач Ерни Крауч. Нека почива во мир“, стои на официјалниот Твитер налог на Арсенал.
Пат Хејл, членот на здружението навивачи на Арсенал вели дека никој немал таков елан и волја како Ерни кој од 1934. година насекаде го следел својот клуб.
Секогаш имаше свое место напред во автобусот. Ќе бидеме многу вознемирени следниот викенд кога ќе патуваме за Бирмингем а тој нема да биде на своето место. Фудбалот беше неговиот живот. Му вети на син му дека нема да оди веќе на гостувања кога ќе наполни 90 години, но го видовме во Норич минатата недела“, вели Хејл за својот соборец кој трагично го завршил својот живот.
Арсенал планира да му одаде почит на Ерни Крауч на следниот домашен натпревар.