Кога Сао Паоло одел на пенали по 120 минути игра, Сени задолжително се местел да шутира бидејќи во пенал сериите има промешано само еднаш во целата негова кариера која му траеше 23 години, во еден ист бразилски клуб.
Рожерио Сени е прв голман во историјата на фудбалот со толкав број на погодоци. 61 гол постигна од слободен удар, 69 од пенал и само еден од игра. Вториот најдобар стрелец меѓу голманите е Парагваецот Хозе Луис Чилаверт со 67, а потоа следуваат Џони Вегас со 42 и Рене Игита со 41 погодок.
Неговата способност за голови не се состоеше само од талент, туку и од напорна работа. Пред и после тренинзите тој тренираше удари од прекин и така стигна до 131 погодок.
Меѓу најважните негови трофеи се 3 пати шампион на Бразил, 2 пати освојувач на Копа Либертадорес и 2 Интерконтинентални купа. На финалето против Ливерпул 2005-та година беше прогласен за играч на мечот.
Сени стана и светски шампион со Бразил во 2002 година како резервен голман.
„Ти честитам на кариерата и на сè што направи. Ти си пример за вистински спортист и човек. Со среќа во новата фаза од животот“, напиша Роналдињо на Твитер.
Со 42 години, најдобриот напаѓач меѓу голманите, успеа да влезе во листата на 10 најдобри стрелци на Сао Паоло. Тоа што го направи овој голман за фудбалот е тешко достижно.
Сите негови голови од слободен удар.