Мајкл Џордан
Дури и најголемите имаат свои маани, како на пример страста на Летечкиот за комарот. Во 1992. година Мајкл беше сослушан во врска со случајот на дилерот на дрога Џејмс Батлер кај кого полицијата пронашла чек од 57 илјади долари, потпишан лично од најдобриот кошаркар во историјата. По овој настан, во казино Џордан загуби околу 900.000 долари кладејќи се на голф натпревари.
Како резултат на тоа, НБА организираше сопствена истрага за проблемите на Мајкл Џордан со коцката, затоа што според строгите правила на лигата, спортоското обложување е строго забрането. Џордан објави дека се повлекува од кошарката, а истрагата беше затворена. Најзаслужен за тоа што случајот се заташка беше Дејвид Штерн, некогашниот легендарен комесар на НБА. По враќањето во кошарката, Џордан освои три прстени.
Флојд Мејведер
Најдобриот боксер на нашето време не е само познат по бесконечните борби и победи во рингот, туку и надвор од него каде ја нападнал својата поранешна сопруга Џоси Харис. Скандалот се случил по тривијалната љубомора од страна на боксерот. Еден од сведоците бил и најстариот син на Мејведер, Кораун кој сведочел против татко му:
„Татко ми ми кажа да ја затворам вратата и одам во својата соба. Најпрвин седев во собата и мислев што прават, а потоа слушнав врисоци за помош. Истрчав и го видов татко ми како ја клоца и удира мајка ми. Го викнав обезбедувањето, но еден од нив ме затвори, по што преку прозорот од купатилото се симнав долу и побарав од некој да викне полиција и брза помош", изјавил Коран Мејведер на суд.
По овој настан, Мејведер доби 90 дена затвор, но отслужи само 2 месеци.
Вирџил ван Дајк
Холанѓанецот кој долго играше во Селтик, а сега е во Саутемптон, во Шкотска стана познат не само по тоа што ја освои титулата во 2014-та, туку и по тоа што ја оставил својата трудна сопруга за порно актерката Џорџа Лиал.
Шкотското издание на The Sun го следел целиот случај, а во еден момент ги објави и тајните, доверливи пораки меѓу вљубениот пар. Целата приказна заврши со тоа што најпрвин Вајн Дајк го остави сопругата, а потоа и порно актерката.
Адам Џонсон
Вториот скандал кој ја потресе Британија беше оној на некогашниот англиски репрезентативец, Адам Џонсон кого го обвинуваа за сексуален однос со 15-годишна средношколка. Интригашките медиуми во Англија одеа до таму дека одличниот фудбалер имал и вон-брачно дете. Ако судот го прогласи за виновен, Џонсон може да добие и 14 години затвор. Благодарение на адвокатскиот тим и правниците, судот неколку пати го одложуваше судењето, а следното рочиште е закажано за 10 февруари 2016. година. Адам Џонсон беше уапсен во март годинава и уште е на слобода со кауција.
Рајан Гигс
Легендата на Манчестер Јунајтед и покрај величенствените настапи на фудбалското игралиште, надвор од него се испостави дека не бил така морално чист. Во 2011. година Гигс го снајде сериозен скандал, откако се откри дека цели 8 години бил во скриена врска со жената на својот брат. Овој случај потполно ја шокираше не само фамилијата Гигс, туку и многу луѓе од светот на спортот.
Целата работа му ја сместила љубоморната Наташа, сопругата на братот, која решила сè да им каже на новинарите откако дознала дека Рајан имал афера со друга жена. „Кога дознав, сфатив дека не нè измамил само сопругата Стејси и мене, туку и други жени", изјави сопругата на братот на Гигс, за која подоцна се испостави дека го мамела сопругот и со други играчи.
Ламар Одом
Алкохолот и дрогата му ја растурија не само кариерата, туку и семејството на поранешниот познат кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Со Езерџиите, Ламар два пати го освои НБА прстенот, а освои и златен медал на Светско првенство со САД. Проблемите започнале кога се повлекол од кошарката. Според зборовите на еден дилер кој раскажувал за американските медиуми, Одом за три години потрошил околу 50.000 долари за кокаин.
Авантурата на Одом со белиот прав не заврши на најдобар начин, затоа што пред два месеци го најдоа во бесвесна состојба во бордел близу Лас Вегас. Одом сега е на рехабилитација, имал проблем со говорот и полека учи самостојно да јаде. Го тргнале од сите апарати кои му помагале на телото да функционира, но има долг пат пред него изјави поранешната сопруга на Ламар, Клое Кардашијан.
Артем Дјуба
Во Русија најголем скандал предизвика најдобриот репрезентативец, Артем Дјуба со кого излезе видео на кое се гледа како ја напушта базата пред важен меч од квалификациите за ЕП 2016 и влегува во кола со извесна жена. На почеток сите мислеле дека тоа е водителката Марија Орзул која му е жена со која има син, но на крајот се испоставило дека е сосема друга жена. На крајот Марија Орзул му го простила неверството и покрај гласините дека Дјуба е пред развод.