Контролно-дисциплинскиот комитет на Рускиот фудбалски сојуз го казни Спартак Москва со 100.000 рубљи (1.317 евра), соопшти претседателот на дисциплинската комисија Артур Григорјанц.
Спорниот момент се случил на 4. декември на мечот кој Спартак го доби 1:0. Навивачите на московскиот клуб запалија неколку турски знамиња, а на такво нешто се решиле по уривањето на рускиот авион Су-24 од страна на турската авијација на 24. ноември, момент што ја крена тензијата меѓу овие две земји.
Претседателот на Руската федерација, Владимир Путин изјави дека авионот бил срушен со проектил воздух-воздух од страна на турски авион Ф-16 борец. Во меѓувреме и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров им препорача на руските граѓани да се воздржат од патувања во Турција.
Руските екипи беа меѓу најбројните на зимските подготовки во спортските комплекси во Анталија, но решија да ја заменат таа дестинација со Кипар или Австрија.
Како навивачката група Фратрија ги палеше турските знамиња: