Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Мајстор си е мајстор и во македонска лига

Македонскиот Пирло за првиот дел од сезоната 2015/2016 го имаме во топ 5 фантастични варијанти. Без разлика што нашите играчи кога се местат да шутираат гледаат во багреми и згради, дечкиве на листава се цареви од прв до последен. И третолигашот Брегалница Голак се најде во друштво на Вардар и Шкендија.

Зошто не се пропушта мечот Голден Стејт - Кливленд

Вечерва од 23:00 се игра дербито во НБА, дуелот на двајцата играчи кои ја одбележаа минатата и тековната сезона и дуел кој би можел да покаже кој е во подобра форма.

Голманот на Јувентус кој живее со 900 евра месечно

За претседателот на Јуве Џампјеро Бониперти бев иднината на клубот, а не ме пуштаа ниту на пријателска против мојот град Анкона. Го израснав Сторари, работев со Тошак, а сега немам ни кола. Имам пари само за боци плин за да готвам, а да не беше жена ми сега ќе бев мртов.

А за навивачите на Лестер бесплатно пиво

На 29 декември во вторник Лестер ќе го пречека Манчестер Сити, а тоа ќе биде воедно и причина за одбележување на година дена патување од последно до прво место.

Добрата божиќна традиција на Унион Берлин

Во германскиот клуб Унион Берлин има прекрасна традиција: Пред Божиќ навивачите се собираат на стадионот каде заедно со градскиот хор ја пеат химната на клубот и не само тоа.

Куриозитет од табелата во француското првенство

Монако е втор во Лига 1, но поблиску е до зоната за испаѓање, отколку до првиот на табела.

Фудбалскиот пат на Гус Хидинк преку фото приказ

Во 2009-та го замени Сколари и со Челси го освои ФА купот и стигна до полуфинале во ЛШ. Сега одново добива шанса да го врати Челси во форма, но од 15-та позиција во Премиер лигата. 69 годишниот Хидинг има големо искуство и пет селекторски авантури.

Џингл Белс во затвор

Од Бразил до Индија и Холандија пет фудбалери завршија зад решетки во последниве денови: Билика од Венеција, поранешниот играч на Сити Елано, како и Холанѓаните Ѕот и Лестиен од ПСВ и Тете од Ајакс.

Драматичната завршница на МЗТ - Партизан

По којзнае кој пат Металците и Црно-белите одиграа драматични последни 2 минути од еден натпревар. За разлика од првиот меѓусебен меч во Белград, кога МЗТ загуби буквално на една топка, сега на баскетот поубаво му беше во кошот на Партизан за конечни 82:78.

Голот кој буди емоции кај Јувентините

Се играше првиот меч од полуфиналето на ЛШ. За Јуве против Монако тогаш настапија Перуци, Ди Ливио, Јулиано, Дешамп, Зизу, Давидс, Песото... Од друга страна играа Трезеге и Анри, а мечот заврши 4-1. Го реши Алекс со хет-трик.

Колку чинат предметите од култниот филм Роки

Силвестер Сталоне ставил на добротворна аукција повеќе од 1.400 предмети од своите филмови, меѓу кои и неколку култни спортски предмети од улогата Роки Балбоа.

Волејот на Сколс и неговите конкуренти

На денешен ден пред точно 9 години, Пол Сколс на Вила Парк против Астон Вила го постигна еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата. По тој повод Премиер лигата на потесетува на целата листа со најатрактивни голови за декември 2006-та. Уживање е, ги има и Лампард, Дрогба, Есиен, Ван Перси...

Уште еден комарџија фати пари на Лестер

По англискиот навивач кој стави пари дека неговиот омилен тим ќе биде прв во Премиер лигата за Божиќ, уште еден човек покажа таков тикет.

Што кога 1-минутниот молк не е пред мечот?

За време на 1-минутното молчење пред некој спортски настан, судиите и играчите стојат едни до други на средината во знак на сеќавање на одредени поединци. Во фудбалската историја постојат неколку средби на кои 1-минутниот молк не бил баш таков.

Ќе го пратиме локалецов на Инстаграм

Голманот на Јужна Африка, Итумеленг Куне објави две видеа од еден фудбалски терен или обид за фудбалски терен. Позитивно на видеата е еден мангуп кој им продава стварно добри финти на противниците. Го има и него на Инстаграм со уште такви видеа, а вистинското име му е Sibusiso Msibi и има 21 година. 

Контра реплика на Антиќ

Преписката на релација Перо Антиќ - МКФ продолжува. На соопштението на кошаркарската федерација на Македонија, поранешниот македонски репрезентативец им врати повторно директно.

МКФ: Антиќ е обичен и небитен поединец

Втора епизода на меѓусебни препукувања преку интернет, меѓу Перо Антиќ и кошаркарската федерација на Македонија. На Фејсбук статусот на Антиќ, МКФ одговори со соопштение на својот веб сајт.

Како најдобриот тим на Ливерпул не успеа да го освои светот

Џо Феган кој ја освои тројната круна со „Црвените“ и на кои за последен пат им беше тренер на Хејсел трагедијата, му остана уште светската титула. Но за тоа требаше да го совладаат еден од најдобрите тимови од Јужна Америка и да срушат мизерни рекорди на англиските екипи во тоа натпреварување.

Михајловиќ после 25 години во родниот Вуковар

Тренерот на Милан решил со брат му Дражен и кумот Мирослав Тањга да го посети родното Борово, крај Вуковар во Хрватска каде влегол камуфлиран и заплакал на куќниот праг.

Тато, зошто не ги сопреш сите лаги?

16 најнеобични цитати на човекот со фластер на лицето, кој се соочува со сериозни обвинувања за корупција и примање мито за организација на СП во Катар.

На промоција се појави како од Војна на ѕвездите

Омар Гонзалес (27) синоќа го комплетираше трансферот од Лос Анџелес Галакси во мексиканската Пачука, а на промоцијата се појави облечен како Дарт Вејдер од филмскиот хит Војна на Ѕвездите. Чисто да ја разбие монотонијата на: Уште како мал сонував да го облечам овој дрес.