БиБиСи го пренесе соопштението на Лесстер според кое сите навивачи кои ќе го гледаат во живо дуелот со Граѓаните, ќе добијат бесплатно пиво.
Лестер на 29. декември минатата година беше последен на премиерлигашката табела, а овој 29-ти декември од највисоко ќе ги гледа противниците откако избраниците на Раниери одиграа неверојатна полусезона.
По информациите на БиБиСи, бесплатно пиво ќе им следува на сите навивачи кои ќе имаат уредна влезница за мечот и кои нема да бидат помлади од 18 години. За оние кои не пијат пиво, Лестер обезбедил сок и шишиња со вода.
Во моментов Лестер е прв со 38 бодови од 17 натпревари. Во тековната сезона напаѓачот на екипата, Џејми Варди го сруши рекордот на Руд Ван Нистелрој со гол на 11 кола по ред. Минатата сезона Лестер се спаси од испаѓање и го освои 14. место со 6 бода над зоната која водеше во понизок ранг.
Пред Сити, Лестер во сабота ќе има тешко гостување на Енфилд Роуд против Ливерпул, а после Сити го очекува домашен натпревар против Бурнемут на 2. јануари.