Голманот на Јувентус кој живее со 900 евра месечно

За претседателот на Јуве Џампјеро Бониперти бев иднината на клубот, а не ме пуштаа ниту на пријателска против мојот град Анкона. Го израснав Сторари, работев со Тошак, а сега немам ни кола. Имам пари само за боци плин за да готвам, а да не беше жена ми сега ќе бев мртов.

Масимо Пилони 6 сезони му бил резерва на Дино Ѕоф во Јувентус, но неговото тркало во животот секогаш се врти на погрешен начин. Живее во периферија на Рим, далеку од центарот на вниманието и се соочува со тивко страдање.

Неговиот дрес од Јувентус овековечен во илјада пожолтени слики со кој има освоено три Скудета, никој не му го цени. Тренирал голмани во Катанија и Перуџа, како и во шкотскиот клуб Ливингстон. Соработувал со Вујадин Бошков, Карло Мацоне, Серсе Козми и Еди Реја, а сега живее во беда и сиромаштија со жена му и синот кој не може да најде работа. Имаа месечен буџет од 900 евра, а куќата им е на аукција. Душата ја отвори за Газета дело Спорт.

Што ако ви ја земат куќата?

Ќе изнајмиме соба, како многу странци што живеат во Италија. Ако морам, ќе го направам тоа со гордост. Животот и така ќе можам да го поминам.

Како ве снајде ова?

Не знам, можеби затоа што живее во свет на паметни, а јас бев единствениот абдал. Им верував многу на луѓето. Секогаш им правев добрини на сите, пријатели немам и им ги отворив вратите на луѓето кои имаа потреба. Но очигледно погрешив. Тешкотиите почнаа во 2004-та по искуството со претседателот Лучано Гаучи во Катанија. Отидов во Самбенедетезе за да работат како тренер на голманите во годината кога газдата го продаде клубот и новите раководни луѓе ми вршеа мобинг. Не ми плаќаа, а ме присилуваат да одам во Анкона секој ден. Потпишав на сила нешто понижувачко. Балардини не можеше да направи многу за мене и станав кукла. Но не се случи само ова...

Што ви се случи друго?

Во 1975 година бев административец во компанија за недвижен имот во Торино каде ме наместија да им ги платам долговите, а за тоа морав да продадам два стана. Почетокот на мојот пад беше во тој период. Во животот работев и како претставник на фискални каси, но во два наврати ми ги крадеа машините. Претпоставените не ми помогнаа и морав да земам кредити за да ја исплатам штетата. Потоа се откажав и еве ме во оваа ситуација. Имам 7-8 неплатени сметки и кога можам да платам нешто, купувам плин за да можам да готвам, а кола немам. По цел ден сум дома, излегувам само кога треба да ги земам внуците од градинка.

Фудбалот во еден момент ви го сврти грбот?

Да, заборави на еден нејзин син кој даде сè од себе и кој живееше за другите. Честев многу ручеци, на многу луѓе. Можат да му се заблагодарам на Гаучи и пред се мојот голем пријател Серџо Брио, како и на Пјетро Анастази од времето на Јувентус. Тој е единствен во овие години кој ми даде конкретна помош, тој е голем човек. Пријатели со големо срце постоја, но се надевам само на него. Организираше вечера во моја чест во Рим со цела програма која одеше на ТВ со водителот Марио Матиоли кој на сцена ги повика Спинози, Џаникеда, Кандела, Кордова, Марколин, Фиоре, Цезар, Орси, Казо и уште многу поранешни фудбалери кои не сум ги видел со години.

Ниту еден клуб, ниту еден колега, ниту еден тренер не ви се јави повеќе?

Никој. Имаше ветувања, но потоа ништо. На 67 години сум очаен, но ментално луциден. Можам да работам, но пред се сакам мојот син Алдо да најде работа. Имав соработка со еден човек кој имаше фирма за хигиена, но и тоа пропадна. Што можам да кажам? Можеби ќе заминам наскоро, во години сум и не бегам од реалноста, но ако треба да заминам сакам да имам сигурност и да не го оставам семејството во тешкотии. Од голманите кои ги подигнав како што се Лецо, Сторати, Мацантини, Пагото па се до Кастелаци, сум се слушнал со малкумина овие години. Би сакал да остварам уште едно искуство во странство со Џон Тошак. Тој е голем тренер кој го запознав во Катанија и кој би го следел насекаде.

Во кариерата сте биле често на клупа, но сте имале и убави моменти како на пример во Пескара.

Се знае само дека сум му бил заменик на Дино Ѕоф. Јас пораснав во црно-белиот дрес. Со Хериберто Херера имав четири настапи кога бев дете, но потоа имав несреќен случај кога ја скршив раката пред финалето во Копа деле Фјере против Лидс. Јувентус го продаде Танкреди во Тернана и ме зема за до менувам Ѕоф. Бониперти велеше дека сум иднината на Јувентус, но потоа работите се сменија и јас завршив во ќор сокак. Ѕоф и табелата се доказ, не ми дадоа простор, имам три Скудета без ниту еден настап. Не сакам многу да зборувам за минатото. Дино беше голем голман. Ќе кажам само дека ми беше многу лошо со него кога се играше пријателска против Анкона, против мојот град, а тој не сакаше да ми отстапи место. Тој ден дојде мајка ми кога сега има 92 години и жена ми, кога патуваше 600 км за да ме гледа. Не играв ниту минута, разочарување како да беше вчера. Во Пескара отидов благодарение на татко ми Том Розати. Бев еден од главните играчи, навивачите ме сакаа и бевме први во Серија Б. Потоа кариерата ја довршив во Римини и Фермана.

Жалење, маки, пропуштени можности. Мислите дека вашето заврши?

Често размислувам на тоа, но да не беше жена ми Росана веројатно сега ќе ме немаше. Таа е единствена која може да биде покрај мајка ми. Живеела комотно и знае да живее со малку. Вистинскиот партнер во животот.

Денеска во моменти на најголеми тешкотии, каков сон имате?

Сонувам да заврши несреќата и сонувам иднина за моето семејство. За остатокот Масимо Пилони има своја гордост и достоинство и не сака да моли никого.

24 декември 2015 - 18:14