- Стадионот во Чаир ќе биде привремен дом на фудбалерите на новиот прволигаш Шкендија Арачиново која преку баражот успеа да влезе во најдоброто фудбалско друштво.
- Арачиновци кои со децении играа во пониските лиги, конечно направија подвиг и влегоа во прва лига. Нивниот домашен терен со години важи за „неосвоива тврдина“ за гостите кои знаат низ што минуваат кога гостуваат таму, но сега поради тоа што тоа игралиште не ги исполнува условите на ФФМ за натпревари во Прва лига, Шкендија Арачиново ќе игра во Чаир.
- Тамошниот Шкупи во новата сезона ќе биде второлигаш.
- На рангирањето на УЕФА, Македонија е во група од седум земји кои моментално останаа само со еден претставник во Европа.
- Македонскиот фудбал на клупски план моментно е во ранг со земји како Лихтенштајн, Малта, Гибралтар, Црна Гора, Велс и Сан Марино.
- Вардар испадна од Рига, а Силекс од Динамо Минск во квалификациите за Конференциска лига. Само Шкендија уште е во игра на меѓународна сцена. В четврток во Скопје ќе играат реванш дуел против Браво од Словенија, кој има предност од 2:1 од првиот дуел.
- Легендарниот Роберто Манчини повторно ќе седне на селекторското столче на Италија откако денес се договорил со првиот човек на Фудбалската федерација на оваа земја, Џовани Малаго.
- Првично откако Паоло Малдини и Леонардо добија функции во италијанскиот фудбалски сојуз, овие двајца го сакаа Андреа Пирло за нов селектор. Претседателот на федерацијата Малаго категорично го одбил тој предлог после што двајцата после само 16 дена заминале од функцијата зошто „зборот не им вредел“.
- За нов технички директор е назначен Клаудио Раниери.
- Роберто Манчини за некој ден ќе биде претставен како нов селектор на Италија. Тој веќе ги водеше аѕурите и им донесе европска шампионска титула во 2021 во епското финале против Англија на „Вембли“. Тој беше тренер и на Лацио, Интер, Галатасарај и Зенит а ја водеше и селекцијата на Саудиска Арабија.