Зошто Хаити на дресот за Светско има јунак со знаме на Полска?

Веќе се познати дресовите за Мундијалот 2026 на сите репрезентации. Производителот на опрема за секоја репрезентација има краток опис од каде нашле инспирација за разните елементи на опремата. Пример Египет има дизајн на дрес со пирамиди, Бразил со амазонските прашуми, Гана со митолошки лик, а Хаити со полско знаме...

Традиционално најголем дел од дресовите и опремата за Светско ја произвеле најголемите светски брендови Најк, Адидас, Пума...

А Хаити кој доаѓа после цели 52 години на едно Светско првенство, репрезентацијата на Хаити се решила за колумбискиот бренд Saeta.

Им направиле три комплети: домашна варијанта (сина), гостинска (бела) и трета резервна (црвена). Сите три дреса се по еден ист шаблон. На дресовите стои девизата на земјата L’union fait la force („Во единството е силата“) и кралска палма.

Но за многумина главен елемент на дизајнот е силуета на хероите со наводно полско знаме во борбата за независност на Хаити одиграна на Вертиер. Оваа битка се водела меѓу востаниците за независност од Хаити против француската републиканска армија на 18-ти ноември 1803-та година.

Од каде па полско знаме?

Ова не е грешка на дизајнерите, ниту пак случајност вели налогот н а Х од Полска со име Codziennik z Mordoru. Ова е голем гест на почит за секој Полјак, додава тој и раскажува:

Во 1803-та година Наполеон пратил околу 2.000 полски војници кои биле во полската легија во Сан Даминго (денешен Хаити) за да го задушат бунтот на поробените бунтовници.

Полјаците на големо изненадување на сите, наместо да се борат како што им било наредено, решиле да им се придружат на побунениците и рамо до рамо со нив да извојуваат голема победа против француската војска.

По победата на револуцијата и независноста во 1804-та година, првиот лидер на Хаити Жан-Жак Дезалин изразил огромна почит до Полјаците кои се бореле од нивна страна.

Им доделил државјанство и се што ќе посакаат, а во уставот ги нарекол „Белите црнци од Европа“.

Околу 400-500 полски војници останале засекогаш на островот, воглавно во регионот Казале каде ден-денес има по некој нивен наследник.

Денес повеќе од 200 години подоцна, сеќавањето на храброста и солидарноста на полските воини сè уште живее на Хаити.

Кога нивните фудбалери за првпат ќе истрчаат на едно Светско првенство и на нивните гради ќе го носат симболот на Полска, полското знаме како дел од нивната заедничка историја, заедничката борба за слобода која не познава граници ниту бои....

СТИГНУВА ДЕМАНТ ОД ПОВЕЌЕ ПОЛСКИ СТРАНИЦИ

Полски спортски страни веќе се оградија од овој твит и демантираат дека знамето на дресот на Хаити е знамето на Полска. „Факт е дека е ова лажна вест и дека нема никаква вистина во тоа“, пишува полската страна Transfery.info на мрежата Х која има 55.000 следбеници.

Сите дресови за Светско првенство 2026

 

10 јуни 2026 - 12:11