„Чичко Меси си играл со татко ми“

Поранешниот исландски фудбалер Еидур Гудјонсен беше прав фудбалски глобтротер. Почна во родниот Валур па играше за: ПСВ, Рејкјавик, Болтон, Челси, Барселона, Монако, Тотенхем, Стоук, Фулам, АЕК, Серкл Бриж, Клуб Бриж, Болтон, Молде и Пуне Сити. Во Барселона играше едно време со Меси и освои тројна круна: Ла Лига, Копа дел Реј и Лига на шампиони.

Еидур Гудјонсен има три сина и сите тројца се фудбалери. Сега долговечноста на Лионел Меси се гледа во тоа што синоќа играше против 20-годишниот син на Еидур, Даниел Гудјонсен.

После натпреварот Даниел му пришол на најголемиот на сите времиња.

Меси на новинарите им раскажал што зборувале: „Ми рече: 'Се сеќаваш на мене?' А јас бев изненаден. Искрено не се сеќавам зошто беше многу мал во тоа време“.

Двајцата фудбалери помуабетиле и се гушнале и ракувале по крајот од мечот во Алабама.

10 јуни 2026 - 12:42