Огромна аргентинска дијаспора живее во САД, а Светското првенство во оваа земја за светскиот шампион ќе биде како домашно затоа што стотици илјади Аргентинци се во оваа земја и ќе ги бодрат „гаучосите“. Вчера поставија историски рекорд во Алабама.
Со ерупција на стадионот во Алабама на кој имаше преку 80.000 гледачи, репрезентацијата на Аргентина продолжи со победите. Со головите на Валентин Барко (21 година, лев бек Стразбур), Лионел Меси и Тиаго Алмада (25 години, Атлетико Мадрид), „гаучосите“ со 3-0 го победија Исланд и спремни се за поход кон нова светска титула.
Интересно Лео Меси кој го забележа 199. настап за Аргентина влезе во игра од клупата во 69' минута и само неколку секунди подоцна постигна гол од пенал: