Шакира има повеќе Светски првенства од Италија

Од 2006-та додуше па наваму...

Фудбалскиот и музичкиот свет некако веќе се навикнаа препознатливо лице на последните неколку Светски првенства да биде фамозната и заносна Колумбијка која испеа неколку хита за Мундијалите.

Шакира сега повторно ќе настапува на отворање на едно Светско. На Мундијалот 2026 во Мексико таа ќе ја исполни официјалната химна на турнирот која што ја снимила заедно со нигерискиот музичар Бурна Бој.

Договорено е Шакира да настапи и на паузата на големото финале на Светско првенство.

ЗА ШАКИРА ОВА Е ВЕЌЕ ЧЕТВРТО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, КАТАР ГО ПРОПУШТИ ПОРАДИ БОЈКОТОТ

Врската меѓу Шакира и Мундијалот започна уште во 2006-та. На затворање на сјајното Светско првенство во Германија, во Берлин пејачката ја исполни песната Hips Don’t Lie – Bamboo Remix. Тогаш таа веќе беше апсолутна светска суперѕвезда.

Песната Хипс Дон'т Лај стана голем хит и беше прва на листите во десетици земји. Според Јунајтед Ворлд Чарт оваа песна била најуспешна композиција на светот во 2006-та.

Веќе на следното Светско првенство 2010 во Јужна Африка, песната Waka Waka стана официјална химна на турнирот и стана хит кој ден-денес се слуша и пее.

Оваа композиција Шакира ја снимила заедно со јужно-африканската група Фрешлиграунд. Шакира сама ја напишала и ја продуцирала песната. Таа првпат ја испеа на церемонијата на свечено отворање и потоа на затворање пред финалето во Јоханесбург.

На Светско првенство 2014-та Шакира постигна хет-трик со настапи на Мундијали. Пред неа никогаш ниту еден познат пејач ни пејачка не настапил на три Светски првенства по ред.

На затворање на фантастичниот турнир на „Маракана“ Шакира излезе во црвен фустан со карневалски тапан и ја испеа песната „Ла Ла Ла“ (Бразил 2014) заедно со бразилскиот пејач Карлињос Браун.

Понатаму пауза.

Светските 2018 и 2022 поминаа без неа. За Катар уште е нејасно што се случило. По една верзија Шакира добила покана но наводно одбила поради тогаш бурните критики од групите за заштита на човековите права поради тоа што илјадници работници кои ги градеа стадионите живееле и работеле во нехумани услови а тогаш имаше и неколку жртви на самите градилишта.

Според друга верзија ФИФА тогаш не ја разгледувала Шакира како кандидат но верзијата за бојкот од Шакира веќе се проширила по медиумите.

Таа самата не се огласуваше по тоа прашање.

СВЕТСКО 2006 - ГРАНДИОЗНО ВРАЌАЊЕ!

Историјата на големиот хит Waka Waka имаше контроверзен почеток. Во Јужна Африка негодуваа поради тоа што песната за првото африканско Светско првенство во историјата не ја изведувала некоја локална ѕвезда од Јужна Африка. Тамошниот сојуз на уметници во Јужна Африка дури и повикувал на бојкот на отворањето на Светското првенство.

Тогаш почнаа и некои неосновани притужби за плагијат. Се испоставило дека рефренот и мелодијата биле позајмени од камерунската песна „Zamina mina“ (Zangaléwa) од групата Golden Sounds од далечната 1986-та.

Членовите на групата и менаџерот наводно постигнале договор со Шакира и тврдела дека таа едноставно ја преработела песната.

Но ништо од ова не спречи Waka Waka да стане светски хит број 1 и тогаш и долго после тоа.

Оваа песна стана најуспешна химна во историјата на Светските првенства. Со 4,4 милијарди прегледи на Јутјуб, според податоците на Billboard, влегува во топ-10 најгледани музички видеа на платформата. Ова е и рекордно најгледан спот на една пејачка во историјата на Јутјуб.

Waka Waka официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како најслушана песна во историјата на Светските фудбалски првенства на Спотифај. Прва песна од Светско првенство што имала 1 милијарда стримови.

Waka Waka со резултат од 15 милиони продадени копии и симнувања од Интернет влезе на списокот најпродавани синглови на сите времиња.

Ова хитиште беше и најуспешна песна во 2010-та година во цела Европска унија. Во Франција, Германија, Шведска и Бразил таа го добила и највисокиот музички статус - брилијантен сертификат.

За време на Светското 2022 во Катар (цели 12 години по првото објавување на песната), Waka Waka пак се врати на листите најслушани песни.

„ЈА СРЕТНАВ ЉУБОВТА НА ЖИВОТОТ НА СВЕТСКО“

Благодарение на Waka Waka Шакира се запознала со Жерар Пике, шпанскиот фудбалер од Барселона. Пред почеток на Светското 2010 Пике се нашол меѓу фудбалерите кои се појавуваат во спотот за химната на Мундијалот.

„Јас не бев некој љубител на фудбалот па не ни знаев кој е тој. Кога го видов видеото си помислив 'Хм, овој е интересен'.

На снимањата Пике го земал бројот на Шакира. Потоа уште пред да отпатува со репрезентацијата на Светско 2010 во Јужна Африка и напишал порака, ја прашал за времето во Јоханезбург.

„Тоа е типично глупав муабет на кој луѓето обично одговараат: 'Студено е земи јакна'. Но таа му напишала цел пасус во кој детално во ситници му опишувала како температурата се менува во текот на денот. Си помислив: 'Боже ова не е нормално'. Во тие детали почуствував како да има нешто“, раскажал еднаш Пике.

Фудбалерот на Барселона потоа си поставил услов: Шакира ќе пее во финалето значи морам да стигнам до таму. 'И кажав дека мора да стигнеме до финале за пак да ја видам. А штом сме дошле таму значи ќе мора и да го освоиме“.

Шпанија во финале ја победи Холандија со голот на Андрес Иниеста во продолженијата.

Уште во 2014-та година пред крајот на Светското во Бразил Шакира раскажала: „Никогаш нема да заборавам дека љубовта на својот живот ќе ја сретнам на Светско првенство. Да не беше Светското ни син ми Милан немаше да биде на овој свет“, рекла Шакира.

Заедно двајцата живееа 11 години, а во 2022-ра се разведоа поради тоа што Пике ја измамил со друга девојка со која продолжил да живее и ја оставил колумбиската пејачка.

Шакира има 49 години но е на пикот на својата слава. Таа и натаму освојува награди, а нејзината стадионска турнеја Las Mujeres Ya No Lloran во моментов урива рекорди. Веќе станала најпрофитабилна турнеја во шпанското говорно подрачје во историјата. Според податоци на сајтот Billboard, турнејата собрала 421,6 милиони долари, продадени се 3,3 милиони билети за дури 86 концерти.

Шакира ќе го урне досегашниот рекорд на Луис Мигел.

А што е нејзината тајна на успехот?

„Таа умее да вклучи повеќе елементи од разни култури и да ги спакува во глобален поп-производ“, вели музикологот Брент Кео од Технолошкиот универзитет во Сиднеј.

Самата Шакира дава и друга нота: фудбалот и музиката работат по еден ист механизам - страста. Затоа нејзината формула секогаш е иста: телесен ритам, припев од два слога кој е можно да се пее без превод и пораката не е за само една одредена земја, туку за сите оддеднаш“.

10 јуни 2026 - 09:10