

Човекот кој го смени кодот на кошарката и успеа да го изненади светот дури и по освојувањето на МВП наградата минатата сезона. Сега луѓето доаѓаат на два часа пред средбите за да го гледаат Кари на загревањето. Балетско-уметничката леснотија во движењата ги задивува сите присутни. Неговата статистика во првите два месеци ги тера противниците да слегнат со рамениците.

Вориорс победија на 27 од 28 меча на почетокот на сезоната и го имаат најдобриот процент на победи пред Божиќ во историјата на НБА (0,964). Речиси година дена не загубија на домашен паркет во регуларната сезона. Кливленд е најсериозниот противник на Голден Стејт.
Причина бр.5 - Голден Стејт е најзабавен тим во лигата
Воините го заработија тој статус долго време пред да станат шампиони. Оракл Арената и тамошните навивачи совршено живеат со тимот. Стеф Кари е кошаркарски магионичар. Голден Стејт играат модерна кошарка, со сигурната одбрана на Игудала и виртуозноста на Томпсон, универзалецот Шон Ливингстон итн.
Причина бр.6 - Кливленд во полн состав
Цело лето Кавс се жалеа дека против Голден Стејт ниту еднаш не одиграа комплетни со повеќе од една ѕвезда во тимот. Сега се во полна снага и ќе можат да му се спротивстават на најмоќниот тим на почетокот на сезоната.
Причина бр.7 - Моменталниот статус и состојбата на табелата
Ова ќе биде дуел не само на две франшизи што го играа последното финале, туку и тимови кои во моментов се покажаа како главни претенденти за финалето сезонава. И за публиката ова ќе биде единствена прилика на Божиќ да го гледаат дербито без многу прекини и други средби во исто време.
Причина бр.8 - Изборот на Дрејмонд Грин
Ако и натаму мислите дека ова ќе биде обичен НБА натпревар во редовното коло:
Причина бр.9 - Запознавање со нови тактички нијанси
За два месеци од стартот, во НБА најмногу се дебатираше околу тоа како да се запрат Стефон Кари и петте Воини. Уште нема јасен одговор, но анализите и набљудувањата продолжуваат. И сега Дејвид Блат кој беше близу магичната формула во финалето ќе се обиде да понуди нешто поразлично.Досегашните познати финеси беа: Игудала да го маркира Леброн, а останатите пониски членови од петорката на Вориорс да се фокусираат на Кевин Лав и Кајри Ирвинг.
Причина бр.10 - Дуел на најдобрите дриблери во НБА еден против друг:
Причина бр.11 - Најдобриот бек во лигата во моментов
Клеј Томпсон се отвори во декември и кога се поставува прашањето за најдобриот бек-шутер, логично се наметнува неговото име.
Причина бр. 12 Тимофеј Мозгов и Саша Каун
Да кажеме дека сме излегле од резервоар и не разбираме ништо од она што се случува во НБА. Дури и во тој случај, прво што ќе ни падне во око ќе биде тандемот Саша Каун и Тимофеј Мозгов, руската движечка сила на Кливленд.
Причина бр.13 - Сезона на 2 тима
Годинава 2015 најмногу ја одбележија токму Голден Стејт и Кливленд Кавалирс, франшизи кои барем досега немаа сериозна конкуренција во ривалите кои лани им правеа проблеми.