Фудбалскиот пат на Гус Хидинк преку фото приказ

Во 2009-та го замени Сколари и со Челси го освои ФА купот и стигна до полуфинале во ЛШ. Сега одново добива шанса да го врати Челси во форма, но од 15-та позиција во Премиер лигата. 69 годишниот Хидинг има големо искуство и пет селекторски авантури.

Гус Хидинк на 22 години во времето кога настапуваше во неговиот прв клуб Де Графшап од 1967 до 1970 година.

Потоа направи трансфер во ПСВ каде играше две години.

Следуваше кам бек во Де Графшап каде остана пет сезони и одигра 130 натпревари, потоа се пресели во НЕЦ, а кариерата ја заврши во Де Графшап каде последната сезона ја одигра во сезоната 1981/1982.

Пред да го назначат за тренер на ПСВ во 1987 година, прво го ставија асистент тренер.

На ПСВ им ја донесе првата европска титула и успеа да стигне до тројната круна. Сликата е од финалето во Европскиот Куп против Бенфика во Штутгарт, која ја доби на пенали 6:5.

Неговиот прв ден во Истанбул во 1990-та каде остана една година како тренер на Фенербахче.

Таа сезона заврши на петтата позиција во турското првенство со 25 бода зад Бешикташ.

Од Турција полета за Шпанија каде три сезони ја водеше Валенсија, со која два пати заврши петти и еднаш седми во Ла Лига.

Во тоа време друг стратег од Холандија во шпанското првенство беше Јохан Кројф кој беше тренер на Барселона. Заедничката фотка им е од 94-та.

Следуваше селекторската позиција на селекцијата на Холандија. Хидинг одржува прес-конференција во Ливерпул во пресрет на плеј-оф мечот за ЕП 1996 против Република Ирска. Мечот го реши Патрик Клајверт со два гола.

Холандија се падна во група со домаќинот Англија, Шкотска и Швајцарија. Со Шкотска ремизираше, Швајцарија ја победи, а од Англија загуби 4:1. Лалињата беа елиминирани во четвртфинале од Франција, а во репрезентацијата избија кавги. Хидинг предвреме го прати дома Давидс, а Холандија ја водеше до 1998-ма.

Последниот меч му беше во полуфиналето на СП 1998, а потоа истото лето стана тренер на Реал Мадрид. Оваа слика е од мечот во рамките на Светското клупско првенство против Васко де Гама во Токио, кој го доби Реал со 2:1.

Авантурата во Мадрид траеше само една сезона во која Реал Мадрид заврши втор со 11 бода помалку од Барселона. Ова е изразот на неговото лице по поразот од 3:0 во Ел Класико.

Хидинг остана во Шпанија, овој пат како тренер на Реал Бетис кој го водеше само неколку месеци.

Вториот селекторски предизвик му се случи во Јужна Кореја во 2000-та. Оваа земја заедно со Јапонија беа домаќини на Мундијалот во 2002 година, на кој Корејците беа во група со Полска, САД и Португалија. Хидинг успеа во нокаут фаза да ги елиминира Италија и Шпанија и да стигне до полуфинале против Германија. Стана херој во Јужна Кореја која го прогласи за почесен граѓанин.

Потоа се врати дома и повторно како тренер на ПСВ. Мина речиси со идентичен успех и освои три титули во низа во холандскиот шампионат, Куп и стигна до полуфинале во ЛШ во 2005 година.

По Холандија и Јужна Кореја, доби понуда да ја води и Австралија на која и донесе историски успех на Мундијалот во Германија 2006. Австралија стигна до осминафинале каде беше поразена од Италија. Сликата е од Москва во август 2006-та, кусо време откако го назначија.

Четвртата селекторска задача ја доби во Русија со која играше топло-ладно на квалификациите за ЕП 2008. Русија се квалификуваше, но изненадувачки загуби од Израел.

Еврошампионатот му беше успешен. Групната фаза ја помина со две победи и еден пораз, во четвртфинале ја елиминираше Холандија, а во полуфинале не успеа против Шпанија, од кого загуби и во група.

Откако Русија не успеа да се квалификува на СП 2010, Хидинг беше отпуштен, а една година претходно беше привремен тренер на Челси пола сезона по смената на Луиз Фелипе Сколари. Изборот на Абрамович беше добар, бидејќи Хидинг загуби само еден меч и го однесе Челси со трета позиција во Премиер лигата. Им донесе трофеј во ФА купот, а во ЛШ стигна до полуфинале каде беше елиминиран од Барса со гол на Иниеста во 93 минута.

Откако договорот со Русија му истече во јуни 2010-та, Хидинк стана селектор на Турција, но беше многу критикуван бидејќи ретко се врти таму и замина по поразот од Хрватска во плеј-офот за ЕП 2012.

Следниот предизвик му беше рускиот клуб Анжи на кој му помогна во развојот.

По 14 години, Хидинг одново ја водеше Холандија. На Мундијалот во Бразил беше елиминирана од Аргентина во полуфинале на пенали, но се посрамоти со квалификациите за ЕП 2016. Го отпуштија во јуни оваа година, а Холандија нема да ја гледаме на следното Европско.

На Боксинг деј добива втора шанса да биде привремен тренер на Челси. 

24 декември 2015 - 14:03